Контакт

Вести

Израел и Хамас договорија примирје

Објавено пред

Израел и палестинското исламистичко движење Хамас кое ја контролира енклавата Појасот Газа, договорија 72-часовен прекин на огнот, кој започна во петокот во 8 часот по локално време, објавија американскиот државен секретар Џон Кери и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во заедничка изјава
 

dobivaj vesti na viber

Израел и палестинското исламистичко движење Хамас кое ја контролира енклавата Појасот Газа, договорија 72-часовен прекин на огнот, кој започна во петокот во 8 часот по локално време, објавија американскиот државен секретар Џон Кери и генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во заедничка изјава

 

Во соопштението се додава дека специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Блискиот исток, Робер Сери, добил уверување според коешто страните се обврзале на почитување на ткн „хуманитарно примирје“.

„Ги повикуваме судрените страни на воздржаност до почеток на хуманитарното примирје и на целосно исполнување на преземените обврски“, се истакнува во заедничката изјава на Кери и Бан, во која се додава дека ова примирје е извонредно важно за на недолжните цивили им се овозможи неопходно потребниот период на консолидација од насилствата.

Според договорот, во петок и израелска и палестинска делегација ќе допатуваат во египетската престолнина Каиро на преговори коишто ќе ги водат со посредство на владата на Египет. Целта е постигнување на трајно примирје, се додава во соопштението.

Портпаролот на Хамас, Сани Абу Зухри изјави за Reuters дека движењето ќе се придржува на примирјето сé додека тоа го прави израелската страна, како и дека зад таквиот став стојат и сите палестински фракции, вклучително и неговите вооружени крила.

Бројот на жртвите на во Појасот Газа се зголеми во четвртокот навечер на 1.427 мртви и повеќе од 8.100 ранети. Според податоците на УНИЦЕФ, меѓу загинатите има 245 деца. Од палестинските ракети истрелани од Газа врз јужните области на Израел загинаа три цивила, од кои еден тајвански работник на фарма, додека армијата загуби досега 56 војници и околу 400 нејзини припадници се ранети, што се смета за едни од најтешките израелски загуби во неколкуте судири последната деценија.

Во израелската офанзива „Линија на одбраната“ започната на 8-ми јули, загинаа и осум активисти на Обединетите нации./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Жестоки експлозии во украински град: руски насочувани бомби убија пет лица

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер,...

Свет1 час

Објавен планот на Трамп за Украина: Безбедносни гаранции, тампон зона, амнестија…

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина би барал од Украина да се откаже од...

Свет2 часа

Зеленски: Украина ќе работи напорно на мировните предлози

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и...

Свет2 часа

(Видео) Трамп навреди новинарка, Белата куќа: Ова ја одразува неговата отвореност

Белата куќа синоќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп откако тој нарече една новинарка „свиња“, велејќи дека изјавите на...

Свет3 часа

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедско месо, какао и овошје

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе,...

Македонија15 часа

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ18 часа

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија19 часа

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија20 часа

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија22 часа

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија23 часа

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа23 часа

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија24 часа

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет1 ден

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет1 ден

(Видео) Читач од усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала-вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...

Свет1 ден

Мамдани оди кај Трамп во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ќе се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, во Белата куќа овој...

Свет1 ден

Песков: Разговор меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп може да се организира во секое време,...

Свет1 ден

(Видео) Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе по ерупцијата на вулканот Семеру

Индонезиските власти евакуираа повеќе од 900 луѓе и им помогнаа на 170 алпинисти кои беа заглавени по ерупцијата на вулканот...

Свет1 ден

Трамп потпиша закон со кој се овластува отворање на досиејата на Џефри Епштајн

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека потпишал закон со кој се овластува објавување на досиејата на Џефри Епштајн. Материјалите...

Свет1 ден

(Видео) Израелски војници се истепаа во база, снимката стана вирална

Тепачка избувна меѓу израелски војници во воена база во северен Израел, објавија локалните медиуми. Видео што кружи на интернет ги...