Контакт

Вести

Израел и Хамас се обвинуваат за смртта на десет деца во Газа

Објавено пред

Кревкото примирје меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас беше нарушено во понеделникот со спорадични судири во Појасот Газа, првиот ден од муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, и покрај повиците на ОН и САД на трајно примирје, додека попладнето во гранатирање на приморски бегалски оган и игралиште и болница загинаа најмалку дванаесет луѓе од кои десет се деца според палестински болнички извори.

Израелската армија соопшти дека врз најголемата болница во палестинската енклава Појасот Газа „Шифа“ и приморскиот бегалски камп ал-Шати паднале ракети истрелани од милитантите на Хамас, кои не успеале да долетаат до своите цели на територијата на Израел.Според првичните информации, гранатирањето на болницата „Шифа“ минало без жртви. Во ал-Шате, пак загинале десет деца а 50 локални жители биле ранети, соопштија претставници на локалните медицински служби. Министерството за внатрешни работи на Газа која е под контрола на Хамас, пак, ги обвинува израелските власти за обид да ја тргнат од себе вината за смртоносното гранатирање. „Нашата полиција е во посед на фрагменти од ракети кои биле истрелани врз споменатите места“, изјавиле од палестинската страна, пренесе РИА Новости.Израелското бомбардирање покосило рупа деца кои си играле на игралиште во бегалскиот камп ал-Шати, на плажата, изјавил за AFP лекар од болницата „Шифа“ каде што биле пренесени телата. По мирната ноќ, милитантите од Газа во понеделникот наутро истрелале ракета врз израелскиот град Ашкелон. Израелската армија соопшти дека возвратила гаѓајќи два ракетни фрлача и работилница за производство за оружје. Спорадични престрелки се регистрирани и во други делови од енклавата.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во понеделникот дека декларацијата на Советот за безбедност при Обединетите нации не одговараат на „безбедносните потреби“ на Израел, се наведува во соопштението на неговиот кабинет, пренесува Reuters. „Таа изјава не одговара на безбедносните проблеми на Израел, во прв ред кога станува збор за демилитаризацијата на Појасот Газа“, истакнал Нетанјаху. Советот за безбедност при ОН ноќта кој понеделникот донесе едногласна изјава во која се повикува на „моментално и безусловно хуманитарно примирје“ во Газа. Петнаесетте земји кои итно се состанаа во седиштето на светската организација во Њујорк изразуваат во споменатата заедничка изјава „силна поддршка (…) на моменталното и безусловно примирје за што побрзо да се достави потребната помош“. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун изјави во понеделникот дека завојуваните страни во Газа „изразиле сериозен интерес“ за неговото барање за 24-часовно продолжување на хуманитарното примирје, но дека „сѐ уште не се договориле кога тоа ќе стапи на сила“. „Генералниот секретар ги повика страните да го продолжат хуманитарното примирје во Газа и повторно упати барање за траен прекин на огнот кој би можел да ги удри темелите за почеток на сеопфатни преговори“, се вели во писмената изјава на портпаролот на челникот на ОН.,Претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абаза во понеделникот ја подготвуваше делегацијата во која ќе бидат и претставници на исламистичкото движење Хамас и на радикалната групација Исламски џихад, за преговорите за примирјето во Појасот Газа кои ќе се одржат во Каиро, изјави во понеделникот за AFP неименуван висок функционер во Рамала.Според овој извор, Абаз „ќе ја состави палестинската делегација во којашто ќе бидат и претставници на Хамас и на Исламскиот џихад, кои ќе го посетат Египет, каде што ќе се сретнат со египетските челници  и ќе разговараат за прекинот на израелската агресија врз Газа“. „Целта е да се разговара со египетските челници како да се исполнат палестинските барања, да се сопре агресијата и да се заштитат Палестинците“, изјавил анонимниот соговорник на агенцијата кој не сакал да го открие терминот во кој ќе се оствари посетата на палестинската делегација на Египет./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион13 минути

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион60 минути

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава2 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет3 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт4 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија4 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ5 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија7 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија7 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ8 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа9 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет11 час

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет23 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Досие