Контакт

Вести

Израел ја бомбардира Газа со несмален интензитет

Објавено пред

Израелските борбени авиони рано во вторникот бомбардирале 70 мети меѓу кои пет џамии, спортски стадион и куќата на загинатиот лидер на военото крило Хамас, соопштил полицискиот портпарол во Газа.

Во исто време додека трае израелската офанзива, дипломатите вршат притисок за ставање крај на смртоносните судири.

 

Силни експлозии се слушале во текот на целата ноќ во градот Газа, а се слушал и повик за молитва од џамиите.

 

Нападите на Израел биле забележани во моментот кога генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун, и државниот секретар на САД, Џон Кери, се состанале во Каиро да поттикнат иницијатива на највисоко ниво, со цел да се стави крај на двонеделните судири помеѓу Израел и Газа во кои загинаа повеќе од 600 Палестинци и 29 Израелци, пренесува Асошиетад прес.

 

Кери истакнал загриженост за жртвите во Палестина, но ја поддржал израелската, според него, „легитимна“ воена операција.

 

Исто така тој најавил дека САД ќе испрати 47 милиони долари кои ќе бидат наменети за помош на Газа со цел да ја ублажи моменталната хуманитарна криза.

 

ОН наведуваат дека поголемиот дел од убиените Палестинци се цивили, меѓу кои има голем број жени и деца.

 

Израел рано утрото во вторникот соопштил дека уште двајца израелски војници загинале во судирите со борците на Хамас, со што бројот на војници кои загина во судирите од осми јули се искачи на 27, а регистрирани се и две цивилни жртви.

 

Портпаролот на полицијата, Ајман Батниџи, истакнал дека тенковските гранати оштетиле неколку куќи по должината на источната граница, а најмалку 19 рибарски чамци биле запалени при нападите на бродовите на Израел кои се стационирани во Средоземното море./крај/мф/ап

 

 

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт2 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија3 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ3 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија5 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија6 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ7 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа8 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет9 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет21 час

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Досие