Вести
Израел објави крај на примирјето, продолжува офанзивата во Газа

Израелската армија во неделата претпладне објави крај на хуманитарното примирје кое требаше да трае до неделата на полноќ и продолжување на своите воени операција во палестинската енклава Појасот Газа, поради „непрекинатите ракетирања од страна на Хамас“, а се бројат и новите жртви.
Претходно ноќта воено-политичкиот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека на барање на Обединетите нации го продолжи за 24 часа, односно во недела до полноќ, ткн „хуманитарен прекин на огнот“, кој започна во саботата наутро во 8 часот по локално време и првично беше замислен како 12-часовно примирје во коешто населението во Газа ќе ги обнови резервите од вода,а храна и лекови.„После ракетниот оган од страна на Хамас за време на ‘хуманитарниот прозорец’, договорен во интерес на палестинското цивилно население, Армијата за одбрана на Израел ги обновува дејствувањето на воено-воздушните, воено-поморските и копнените сили во Појасот Газа“, се наведува во соопштението на армиската служба за односи со јавноста.Од полноќ, според процените на израелската армија, исламистичкото палестински движење Хамас, и неговите воени крила, истрелале најмалку 11 ракети врз градовите во јужен и централен Израел, од кои дел биле пресретната од противракетниот систем „Челична купола“. Армијата соопшти и за загинувањето од 27-годишен офицер на резервниот состав, кој претходно во текот на ноќта, во периодот на едностраниот прекин на огнот, попаднал под минофрлачки оган на границата со енклавата.Тоа е 43-от израелски војник убиен во 20-те дена од операцијата на Израел, во која на израелската страна има уште две цивилни жртви и еден работник од Тајланд, под назив „Линија на одбраната“ чија цел е спречување на ракетирањата на Хамас од палестинската територија, како и уништување на мрежата подземни тунели и другата воена инфраструктура на палестинските милитанти.Според палестински болнички извори, во неделата се регистрирани на палестинската страна 1.049 загинат и повеќе од шест илјади ранети./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.