Вести
Израел отфрла меѓународно присуство на Платото на џамиите

Израел во неделата жестоко се спротистави на идејата која ѝ се припишува на Франција за меѓународно присуство на особено чувствителното Платото на џамијата во Ерусалим и го обвини Париз дека го „наградува теторизмот“.
„Израел го отфрла францускиот предлог изнесен на Советот за безбедност на Обединетите нации, бидејќи тој не ја вклучува осудата на палестинското поттикнување на насилството и тероризмот, и повикува на интернационализација на Ридот на храмот (еврејски назив за Платото на џамиите)“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на владата, соопшти во неделата вечера неговиот кабинет.
„Израел и само Израел е гарантот на светите места на Ридот на храмот“, истакнал Нетанјаху.
Текстот кој го предлага Франција го наградува тероризмот што го покренаа Палестинците, се наведува во соопштението на израелското министерство за надворешни работи.
Советот за безбедност на ОН започна во петокот расправа за францускиот нацрт декларација со која се осудуваат судирите меѓу Палестинците и Израелците и се повикува на задржување на правилото стотус-кво на Платото на џамијата.
Платото на џамиите се наоѓа во ерусалимскиот Стар град и е третото најсвето место на исламот, но таму се наоѓаат и остатоците од старозаветниот еврејски храм, најсветото место на јудаизмот. На Палтото се на сила правилото наречено „статус-кво“, кое им овозможува на Евреите да го посетат тоа место, но таму не смеат да се молат. Муслиманите, пак, таму можат да се молат во секо време од денот, но се жалат дека Израелците им го ограничуваат пристапот.
Палестинците го обвинуваат Израел дека сака системски и дефинитивно да го промени статус-квото коешто се почитуваше со децении, според кој Евреите може да го посетуваат Ридот, но и таму да се молат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучно отфрли каква и да е намера тоа да го промени. Повиците на радикалните еврејски групации и партии да се дозволи молитва на Ридот, па дури и да се уништат двете џамии и повторно да се изгради Ерусалимскиот храм, според него, не ја одразуваат и политиката на владата.
„Важно е реакцијата на Советот за безбедност да донесе смирување и да повика на мир и воздржаност од сите страни, како и на почитување на статус-квото на Платото на џамиите“, изјави во неделата портпаролот на француското министерство за надворешно работи, Ромен Надал./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.