Контакт

Вести

Израел започна голема офанзива против Хамас

Објавено пред

Израел рано утрото во вторникот започна голема офанзива против военото палестински движење Хамас, кое владее со појасот Газа.
 

dobivaj vesti na viber

Израел рано утрото во вторникот започна голема офанзива против военото палестински движење Хамас, кое владее со појасот Газа.

 

Војската објавила дека од воздух и од море нападнала околу 50 мети во Газа и дека подготвува и копнена операција, со цел конечно да го прекине ракетните напади на Палестинците врз Израел.

 

Последниве неколку недели се повеќе зачестија ракетните напади поради напнатоста што беше предизикана со убиството на тријцата млади Евреи, за кое беше обвинет Хамас, како и убиството од одмазда извршено врз еден млад Палестинец кое го признале еврејските екстремисти.

 

Последнава недела од појасот Газа кон Израел биле истрелани околу 300 ракети и минофрлачки гранати, а само во понеделникот биле лансирани 80 проектили, соопшти војската.

 

Израел одговори со десетина напади од воздух, а во понеделникот, како што тврди, убил осум палестински екстремисти.

 

Портпаролот на војската, потполковник Питер Лернер истакнал дека Хамас избрале правец на ескалација, и дека „акцијата ќе продолжи се додека се смета дека е неопходна. Израелската војска сепак, како што истакнуваат од таму, очекува оваа мисија да биде кратка.

 

Помеѓу 50 локации кои утринава биле мета на војската на Израел, биле четири куќи во кои наводно имало екстремисти, три имоти, 18 скриени лансери на ракети.

 

Властите на Газа соопштија дека за време на нападот биле ранети девет палестински цивили.

 

Лернер истакнал дека војската постепено ќе ги засилува нападите врз Хамас во Газа, со ангажирање на резервисти за потенцијална копнена инвазија.

 

Хамас поседува околу 10 илјади ракети во својот арсенал од кои некои имаат домет да стигнат до Тел Авив, нагласил Лернер и укажал дека војската се подготвува за можност Хамас да испали ракети насочени длабоко во територијата на Израел.

 

Војската на Израел на стотиците илјади Израелци кои живеат на околу 40 километри од појасот Газа им наредила да не ги напуштаат своите домови./крај/мф/ап

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија4 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија4 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија5 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија5 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија6 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија6 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет8 часа

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа9 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа9 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет9 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не може да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија17 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија20 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија21 час

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија22 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија23 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија1 ден

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...