Вести
Израелската армија ги пронајде телата на трите грабнати тинејџера

Израелската армија ги пронајде три тела, според првичните сознанија, на еврејските тинејџери кои исчезнаа на 12-ти јуни во палестинската енклава Западен брег (од реката Јордан) во близина на еврејска населба каде што оделе на веронаука, пренесува во понеделникот телевизијата Al Jazeera повикувајќи се на израелски извори.
Израелската армија ги пронајде три тела, според првичните сознанија, на еврејските тинејџери кои исчезнаа на 12-ти јуни во палестинската енклава Западен брег (од реката Јордан) во близина на еврејска населба каде што оделе на веронаука, пренесува во понеделникот телевизијата Al Jazeera повикувајќи се на израелски извори.
Според изворите на телевизијата, телата биле пронајдени закопани западно од градот Халхул. Исчезнати се шеснаесетгодишните Гилом-Адом Шаер и американско-израелскиот државјанин Нафтал Франклин и деветнаесетгодишниот Ејал Јифрах.
Засега нема официјална потврда на оваа информација, но весникот The Times of Israel објави на своето електронско издание дека израелскиот министер за одбрана Моше Јалон рекол дека „дојде до значајна промена“ во делот за грабнувањето на тинејџерите. Според весникот во 20 часот по локално време, 19.30 часот по македонско, започнал ненајавена итна седница на кабинетот на безбедносните министерства, а подоцна треба да започне и седница на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Момчињата на возраст меѓу 16 и 19 години, последниот пат биле видени на 12-ти јуни во дел од еврејската доселеничка населба Гуш-Ецион, коа автостопирале за да стигнат дома.
Минатиот четврток израелските власти ги објавија имињата и фотографии на двајца Палестинци коишто се главните осомничени за киднапирањето на тинејџерите и се обвинуваат за припадност на палестинското исламистичко движење Хамас, коешто Израел ја стави на листата терористички организации.
Хамас кој ја контролира другата палестинска енклава – појасот Газа, се декларира како движење коешто се залага за исчезнување или уништување на Државата Израел, но некои негови челници испратија пораки дека се подготвени да разговараат за долгорочно примирје.
Во потрага по момчињата израелските безбедносни сили изминатите три седмици ја спроведуваат најмасивната воена операција на Западниот брег по повеќе од една деценија. Операцијата главно се одвиваше во палестинските градови и села во и околу Хеброн во јужниот дел од Западниот брег. Притоа стотици исламисти се уапсени, десетици од нив функционери и видни припадници на Хамас, а претреси се извршени во повеќе од илјада домови.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради овој случај го повика претседателот на палестинската самоуправа Махмуд абас да го раскине договорот за помирување со меѓу неговото движење Фатах (Палестинската ослободителна организација – PLO) и Хамас од април годинава, кој овозможи формирање техничка влада на палестинското национално единство на 2-ри јуни која треба да ги подготви изборите на палестинските територии. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.