Вести
Израелската полиција влезе во Ал Акса и се судри со Палестинците

Израелската полиција во неделата утрото влегла на просторот на едно од најсветите места за исламот во џамијата Ал Акса во источниот дел на Ерусалим за да ги истера од таму Палестинците кои се забарикадираа.
Израелските полицајци инаку многу ретко влегуваат на просторот на споменатата џамија која се наоѓа во делот од Ерусалим кој меѓународната заедница го смета за окупирана и анектирана територија од страна на израелската држава, кое е третото по важност свето место за муслиманите, по Мека и Медина во Саудиска Арабија. Судирите избувнале кога преку ноќта ултраортодоксните Евреи дошле на Платото на џамијата, кое Евреите го нарекуваат Брдото на храмот, за таму да се молат, иако им е забранет пристапот.
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека „маскираните демонстранти од џамијата започнале да фрлаат камења и предмети врз полицијата и повредиле неколку нејзини припадници“. „Сакајќи да ја спречи ескалацијата на судирите, полицијата влезе во предниот дел од џамијата и ја затвори портата за да воспостави ред“, се додава во соопштението.
Спорадичните судири меѓу палестинските демонстранти и полицијата продолжиле во околните улици во Стариот град околу џамијата, при што според полициски извори биел полесно повредени четворица полицајци. Според репортерот на AFP, израелските безбедносни сили како одговор употребиле шок гранати и биле уапсени најмалку тројца демонстранти.
Силни полициски единици биле инаку распоредени ноќта кон неделата во Стариот град поради стравување од избувнување на безредија откако илјадници конзервативни и ултраортодоксни Евреи се собраа на Западниот ѕид на годишната молитвена церемонија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.