Контакт

Вести

Израелската влада го одобри законот државотворноста на еврејскиот народ

Објавено пред

Израелската влада, чии министри се собраа во неделата, доцна вечерта објави дека го изгласала нацртот на контроверзниот основен закон за јакнење на еврејскиот карактер на државата Израел на штета на нејзиниот демократски карактер, што се заканува да ја подели владејачката коалиција и да предизвика зголемени тензии во арапската заедница.
 

dobivaj vesti na viber

Израелската влада, чии министри се собраа во неделата, доцна вечерта објави дека го изгласала нацртот на контроверзниот основен закон за јакнење на еврејскиот карактер на државата Израел на штета на нејзиниот демократски карактер, што се заканува да ја подели владејачката коалиција и да предизвика зголемени тензии во арапската заедница.

 

Според овој нацрт, Израел повеќе не е дефиниран во основните закони коишто служат како Устав, како „еврејска и демократска“, туку како „национална држава на еврејскиот народ“, со што според противниците се отвора патот за институционализација на дискриминацијата кон израелското арапско малцинство.

На гласање пред членовите на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху беа поднесени две варијанти, на иницијатива на најдесната фракција во коалицијата. Првата ја претставува Зеев Елкин од Ликуд, а втората ја претставуваа Ајелет Шакед од Дом на еврејскиот народ и Јатрив Левин од Ликуд.

Во документот кој ќе биде доставен на разгледување на Кнесетот (парламентот), се потврдува статусот на Израел како држава на еврејскиот народ, а Евреите како единствениот народ кој има право на национално определување во нејзините рамки. „Израел е национална држава на еврејскиот народ. Тука секој граѓанин има еднакви индивидуални права, и ние инсистираме на тоа, но само еврејскиот народ има национални права – знаме, химна, право на секој Евреин да имигрира во оваа земја, и други национални симболи. Сево ова му е доделено само на нашиот народ во неговата една и единствена држава“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во некои од верзиите, коишто исто така ќе му бидат доставени на парламентот и се користени за формулирање на конечниот документ, законот за еврејската држава имплицира, според израелските медиуми, одземање на официјалниот статус на арапскиот јазик, што тој во моментов го има заедно со хебрејскиот. Друга контроверзна ставка е институционализацијата на еврејското религиозно право, еврејската традиција, како „извор на вдахновението“ за современото креирање на законите.

Против иницијатива, којашто е прифатена благодарејќи на доминацијата на десницата во владиниот кабинет, истапија сите министри центристи, меѓу нив и од Јеш Атид. Оваа партија којашто ја има најбројната пратеничка група во Кнесетот, теоретски може да ја растури владејачката коалиција и да предизвика распишување предвремени избори.

„Наместо да ги обедини луѓето, законот прави нивни поделби, а со цел да се придобијат гласовите на делумните избори за Ликуд (партијата на премиерот Нетанјаху). Ја поддржуваме идејата за законот, но не во таа форма и не во ова време“, напиша на социјалната мрежа Facebook лидерот на Јеш Атид, инаку министер за финанси, Јаир Лапи. Првото читање на законот во парламентот е закажано за среда.

Нацрт законот, покрај негодувањето на пратениците и министрите од центарот и левицата поради институционализирањето на дискриминацијата на израелското арапско малцинство, предизвика и критики од страна на Главниот обвинител Јехуда Вејнстејн, кој е и правен советник на владата, според кого законот го слабее демократскиот карактер на Израел. Министерката за правосудство, Ципи Ливни, минатата седмица успеа да го одложи гласањето.

Петтина од осуммилионското население на Израел се Арапи, кои имаат еднакви граѓански права со еврејското мнозинство, вклучително и правото на гласање, но често се жалат дека дефакто се дискриминирани и се третирани како „граѓани од втор ред“, откако израелските власти им ја одзедоа речиси целата земја на арапските општини за да ги населат еврејските имигранти. Идентификувајќи се себе со Палестинците, многу од нив за залагаат и се борат не само за зголемување на нивниот статус во израелското општество, туку и за одбрана на правата на сонародниците коишто живеат на окупираните територии. На враќање во своите домови претендираат, исто така, и милиони Палестинци раселени по светот, побегнати во различни периоди од создавањето на современата држава Израел.

Израелските Арапи го осудија „впишувањето на расизмот, веќе присутен на улиците, во законот и во срцето на политичкиот систем“, рече Маџд Кајала од Адалах – Правосудниот центар за заштита на правата на арапското малцинство. „Демократијата гарантира дека сите граѓани имаат исти права и се еднакви во очите на државата, но оваа расистичка модификација воведува разлики врз основа на вероисповедта“, додаде./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија14 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ15 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија16 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија18 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија18 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ18 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија18 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија18 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет19 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа20 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет22 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет22 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет22 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет22 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа22 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет2 дена

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...