Контакт

Вести

Извори: Податоците од ’црните кутии’ не исклучуваат дека МН17 бил соборен од ракета

Објавено пред

Необјавените податоци од ткн „црни кутии“, кои ги снимаат разговорите во пилотската кабина и техничките податоци за летот, од малезискиот патнички авион кој на 17-ти јули се урна над источна Украина, не и’ противречат на информацијата дека леталото било оштетено од многубројни шрапнели од ракета што експлодирала, пренесе американската телевизиска мрежа CBS, a истовремено малезиската влада објави дека постигнала договор со бунтовниците за непречена истрага на местото на несреќата.
 

dobivaj vesti na viber

Необјавените податоци од ткн „црни кутии“, кои ги снимаат разговорите во пилотската кабина и техничките податоци за летот, од малезискиот патнички авион кој на 17-ти јули се урна над источна Украина, не и’ противречат на информацијата дека леталото било оштетено од многубројни шрапнели од ракета што експлодирала, пренесе американската телевизиска мрежа CBS, a истовремено малезиската влада објави дека постигнала договор со бунтовниците за непречена истрага на местото на несреќата.

 

„Таа (ракетата) го направила тоа што требала да го стори – да го урне авионот“, изјави за телевизијата избор близок на истрагата. Појаснува дека податоците од „црните кутии“ потврдуваат дека имало „декомпресија како резултат од можна експлозија“.

Додава и дека доколку тимот од меѓународните истражители и припадниците на украинските безбедносни сили успеат да дојдат до местото Габрово, тоа ќе претставува големо олеснување на иследниците кои веќе се наоѓаат на местото на трагедијата.

Засега една помалата група холандски, австралиски и малезиски иследници на местото на несреќата изминатите неколку денови соопшти дека има многу повеќе работа за да се најдат цврсти докази за причината за несреќата, се додава во извештајот.

Тие, исто така, сé уште на теренот наидуваат на потресни сцени. „Лични предмети, пасоши, кредитни картички и слично. Холанѓаните само документираа некои многу мали човечки останки во таа област“, изјави Мајкл Боркјуркив, портпарол на специјалната набљудувачка мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Украина.

Во извештајот CBS наведува дека сé уште стотина патници се водат за исчезнати. Односно од вкупно 298-те патници на летото МН 17 од Амстредам за Куала Лумпур на малезискиот авион кој се урна 60-ина километри од руската граница во областа на Донецк, контролирана од проруските бунтовници, во Ајндховен пристигнаа 227 ковчези со останки. Претставник на холандскиот истражен тим изјави дека тие ќе се концентрираат на пронаоѓање на останките кои недостигаат на листата на патници, но дека систематското чешлање на областа на трагедијата ќе биде многу сложено, уште повеќе поради неизвесната безбедносна ситуација во областа.

Репортерот на телевизијата го поставува прашањето кој е виновен за таквата ситуација на теренот, и дава одговор дека во споменатата област централната власт во Киев нема никаква контрола. Но, исто така, истакнува дека бунтовниците кои го контролирале блиското село, со денови наназад не се појавиле на местото на несреќата, а борбите што се засилуваат меѓу украинските сили и бунтовниците го затвораат просторот и оневозможуваат да се дојде до местото на несреќата и да се соберат доказите.

Од друга страна, малезискиот премиер Наџиб Разак во неделата објави дека е постигнат договор со проруските бунтовници во источна Украина на меѓународната полициска истрага да и’ се овозможи пристап до местото на падот на малезискиот „Boeing 777“ за да можат истражителите да ги утврдат точните причини за несреќата.

Договорот е постигнат со водачот на бунтовниците од самопрогласената Народна Република Донецк, Александар Бородај, се наведува во соопштението на премиерот Разак, „што ќе овозможи да се заштитат меѓународните иследници“. „Се надевам дека договорот со Бородај ќе овозможи безбедност на теренот, за да можат меѓународните истражители да ја вршат својата работа“, се истакнува во соопштението на малезискиот премиер што го цитира Reuters./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет18 минути

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет2 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет2 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...

Македонија16 часа

Движење ЗНАМ: Иницираме кратење на пратеничкиот состав од 120 на 90 во новото решение на Изборниот Законик

Потпретседателката на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Весна Бендевска, на првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборното...

Македонија18 часа

Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството...

Топ20 часа

Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател, денеска беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Бајрам...

Македонија21 час

(Видео) 73,2% ученици пушачи не биле спречени да купат цигари поради возраста, ИЈЗ спроведе истражување на 7,8 и 9-одделенци  

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици...

Македонија22 часа

Откриен обид за криумчарење на 4.800 пакувања никотински ќесички вредни 1,2 милиони денари

Царинската управа откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари....

Топ23 часа

Уапсена лихварка од Струмица: дала 2.700 евра, а барала да се вратат 15 илјади евра, фатена кога ја примала каматата

Вчера во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода 53-годишната Ј.Т. од Струмица. Според...

Македонија24 часа

10.000 денари субвенција за млади возачи за првпат во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров воведува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, наменета...

Свет1 ден

(Фото) Епстин сакал да купи вила во земја без договор за екстрадиција со САД еден ден пред апсењето

Само еден ден пред апсењето во 2019 година, Џефри Епстин се обидел да купи вила вредна повеќе милиони долари во...

Економија1 ден

Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања, известува Народната банка

Народната банка ја информира јавноста дека од 1 март 2026 година стапува во сила законската обврска за банките за вршење...

Македонија1 ден

(Видео) Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седница на пратенички прашања ја повика Владата да ја раскине концесијата за изградба на...

Регион1 ден

Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот...

Свет1 ден

Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“. „Нема...

Свет1 ден

(Видео) Експлозии во Кабул, Пакистан: Во отворена војна сме со Авганистан

Пакистан го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции преку ноќ, неколку часа откако Авганистанците го започнаа својот...

Свет1 ден

Гислен Максвел: Клинтон и Епстин се запознаа преку мене

Една фотографија го прикажува Бил Клинтон како плива ноќе со Гислен Максвел, британска личност од високото општество подоцна осудена за...

Европа1 ден

Зеленски: Не сум најдобриот татко поради војната, мојот избор е должност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски проговори за личните предизвици со кои се соочува по годините војна, признавајќи дека неговите должности го...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели...