Контакт

Вести

Јапонецот кој уби 19 луѓе оставил порака „Нека биде мир во светот!“

Објавено пред

Сатоши Уематцу, кој во домот за хендикепирани лица во јапонскиот град Сагамихара уби 19 луѓе на возраст меѓу 18 и 70 години, пред да ѝ се предаде на полицијата на социјалните мрежи ја оставил пораката „Нека биде мир во светот!“, пренесе телевизијата NHK.

dobivaj vesti na viber

Откако ноќта кон вторникот младиот Јапонец уби 19 и рани 25 луѓе, постирал на микроблогот Twitter фотографија на која е насмеан проследена со објавата „Нека биде мир во светот! Прекрасна Јапонија!“.

Истрагата откри дека во февруари година тој испратил писмо до претседателот на долниот дом на јапонскиот парламент во кој бара да се донесе „закон за евтаназија на инвалидите“, а исто така тврдел дека е подготвен да уби 470 лица со ментални и телесни попречености, бидејќи тоа ќе помогнеле да се спречи третата светска војна.

Во писмото тој изложил план, според кој всушност го извршил масакрот во вторникот. Тој пишува дека ќе влезе во два дома за хендикепирани лица, кога таму има малку персонал, ќе ги заврзе службениците за да не повикаат полиција, и ќе ги елиминира пациентите со физичка и ментална попреченост. По масовното убиство, напишал уште во писмото, тој ветува дека ќе ѝ се предаде на полицијата.

Ноќта кон вторникот 26-годишниот Сатоши Уематцу влегол во дом за хендикепирани лица во близина на Токио, и со нож уби 19 луѓе, а уште 20 се сериозно повредени, додека петмина пациенти се здобиле со полесни повредни, по што самиот се пријавил во полициска станица.

Убиецот во овој дом работел од крајот на 2012 година,а потоа „од лични причини“ дал отказ во февруари 2016 година. Веќе истиот месец тој бил подвргнат на принудно лекување во рска со психички нарушувања. Според сведоштвото на пријатели на Уематцу, тој често зборувал дека „би било добро кога луѓето со хендикеп би умреле“. Притоа неговите соседи тврдат дека тој бил пријателски настроен и весел млад човек./крај/мф/сн

Извор: NHK



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

Трамп воведе царини за увоз од сите земји, за ЕУ царина од 20 отсто

Претседателот Доналд Трамп денеска објави царини од најмалку 10 отсто за практично сите стоки кои доаѓаат во Соединетите држави, плус...

Македонија4 часа

Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан „царот“: „Го видов Палчо со пиштол и се слушна тап истрел“

По барање на одбраната на Влатко Кешишев, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо беше отстранет од судницата оти му било страв да зборува...

Македонија4 часа

Давкова благодарна до сите земји кои ни помогнаа по трагедијата, објави листа на државите кои пружија помош

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави...

Македонија5 часа

Мицкоски и Филипче утре ќе се сретнат во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, утре ќе остварат средба во владината зграда. Претходно денес, Мицкоски изјави...

Македонија8 часа

На седницата на улица ССМ изгласа функционерите да бидат на минималец, ако не ја почитуваат одлуката, можен е генерален штрајк

На ист начин како што Владата без работниците одлучи за покачување на минималната плата на 400 евра, место на 500,...

Македонија9 часа

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои...

Македонија10 часа

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара...

Македонија11 часа

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот...

Македонија11 часа

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи...

Македонија11 часа

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ12 часа

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија14 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија16 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија17 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија17 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија17 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија17 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија1 ден

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија1 ден

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија1 ден

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...