Контакт

Вести

Јилдирим: Обидот за пуч е црна дамка на турската демократија, над 260 жртви, заговорници бегаат во странство ВИДЕО

Објавено пред

Обидот за воен преврат кој се одвиваше ноќта кон саботата е „црна дамка“ на турската демократија, но нацијата им даде „најдобар одговор на терористите“, изјави во саботата турскиот премиер Бинали Јилдирим.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на прес-конференцијата во Анкара пренесувана на телевизиите, турскиот премиер Бинали Јидлирим рече дека припадниците на „паралелните структури“, кој е термин со кој власта ги идентификува приврзаниците на исламскиот клерик Фетулах Ѓулен кој живее во доброволен егзил во американска Пенсилванија, ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Од вкупно 265 жртви Јилдирим изјави дека 161 лице убиени, кои ја поддржувале власта и околу 104 заговорници и нивни симпатизери,. а 1.440 граѓани се ранети во обидот за воен удар. „Во моментов притворени се 2.839 учесници во превратот“, изјави за новинарите турскиот премиер изразувајќи очекување дека тој број ќе расте.

„Која и да е земја којашто стои зад клерикот Ѓулен нема да биде сметана за пријател на Турција и ќе се смеа дека е во војна со членка на НАТО“, изјави Јилдирим повторувајќи дека приврзаниците на исламскиот проповедник и филозоф кој со години живее во доброволен егзил во САД а против него во Турција се водат неколку процеси, стојат зад обидот за воен удар.

Со години наназад владата го обвинува Ѓулен, поранешен близок истомисленик со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, дека се обидува да ја изгради „паралелната држава“ преку системот на образовни институции на различни нивоа, во судството, медиумите, полицијата и војската, како начин за преземање на власта.

Самиот Ѓулен ги одбива ваквите обвинувања, а во саботата утрото и нему блиското движење ја отфрли својата вмешаност во пучот истакнувајќи ја демократската процедура како па за освојување на власта.

Како водач на обидот за преврат, турските медиуми го идентификуваат поранешниот командант на воздухопловните сили Акин Езтурк. Агенцијата Dogan објави дека тој бил командант од 2013 до 2015 година и требало да биде сменет на 30-ти август 2016 година. Меѓутоа, се верува дека тој требало да биде изведен пред воени суд, поради можна поврзаност со Ѓулен.

Езтурк и претходно бил сомничен дека може да поведе воен преврат, и речиси околу една година бил опсервиран од службите.

Според Јулдирим, ситуацијата е „целосно под контрола“, а воените команданти на своите места.

Министерот задолжен за односи со ЕУ, Омер Челик, малку претходно за приватната телевизијa NTV изјави дека ситуацијата околу пучот „е 90 отсто под контролата“, иако некои воени команданти сé уште се заложници во рацете на заговорниците.

Според агенцијата Reuters станува збор за фрегата „Јавуз“, која често навлегува во грчктие територијални води, и го земале како заложник командантот на флотата. Фрегатата била одземена од базата „Ѓелџук“.

„Ударот дефинитивно пропадна“, изјави челникот на националната разузнавачка служба Хакан Фидан. „Систематските операции се речиси завршени“, изјави Фидан признавајќи дека има уште „изолирани случаи“, но дека „95 отсто“ од заговорниците се откриени.

Грчкото министерство за внатрешни работи извести дека на северот од Грција слетал еден турски воен хеликоптер, како и дека осумте лица кои биле во него, од кои седум биле во воени униформи, побарале азил како и дека по излегувањето од хеликоптерот биле уапсени.

Инаку границите кон Бугарија и кон Грција се затворени набрзо по синоќешниот обид за државен преврат.

Побунета фракција во турските вооружен исили во текот на ноќта се обиде да ја урне владата користејќи тенкови и хеликоптери, но тие беа запрени од граѓаните кои излегоа на улиците за да му дадат поддршка на претседателот Ердоган.

Во меѓувреме турската владина агенција Anadolu извести повикувајќи се на воздухопловните власти, дека турскиот воздушен простор над северозападната покраина Мармарис ќе биде затворен за цивилни авиони во следните 18 часа. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 минути

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија31 минута

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет2 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет3 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет3 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион3 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет4 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија14 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија15 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија16 часа

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија18 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија21 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ21 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија23 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија24 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија1 ден

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...