Контакт

Вести

Јордан ќе постави 55 камери на Платото на џамиите

Објавено пред

Јордан објави во неделата дела следните денови ќе постави 55 надзорни камери на Платото на џамиите, едно од трите најсвети места на исламот, коешто Евреите го нарекуваат Ридот на храмот, во Ерусалим, за да се „документираат израелските прекршувања“.

dobivaj vesti na viber

Платото на џамијата се наоѓа во ерусалимскиот Стар град и е третото најсвето место на исламот, но таму се наоѓаат и остатоците од старозаветниот еврејски храм, најсветото место на јудаизмот. На Платото се на сила правилото наречено „статус-кво“, кое им овозможува на Евреите да го посетат тоа место, но таму не смеат да се молат. Муслиманите, пак, таму можат да се молат во секое време од денот, но се жалат дека Израелците им го ограничуваат пристапот.

Јордан, кој го води надзорот на светите места во источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за палестинска територија окупирана од Израел, во неделата објавувајќи ја веста за поставување на надзорните камери, додаде дека ќе отвори „контролен центар“, од кој деноноќно ќе го следи видеонадзорот на Платото, според министерот за исламски работи и за верски имот, Хајел Дауд.

Снимките ќе бидат објавувани на интернет за да се „документираат сите израелски прекршувања и напади“, додаде министерот во соопштението, истакнувајќи дека камерите нема да бидат поставени во џамиите.

Воведувањето на 24-часовниот видеонадзор на целото Плато на џамиите ланскиот октомври го најави американскиот државен секретар Џон Кери, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху , претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас и со јорданскиот крал Абдула Втори. Неколку дена подоцна Јордан протестираше обвинувајќи дека Израел попречува да и постави камерите. Овие камери треба да ги одвратат провокациите од двете страни, а доколку се случат, треба да утврди кој е одговорен за нив.

Платото, или Харам ал-Шариф за муслиманите, на кое се наоѓаат џамиите ал-Акса, Куполата на карпата и Омаровата џамија, е во источен палестинскиот дел на Ерусалим кој и двете страни го прогласуваат за главен град на еврејската и на идната палестинска држава.

Палестинците го обвинуваат Израел дека сака системски и дефинитивно да го промени статус-квото коешто се почитуваше со децении, според кој Евреите може да го посетуваат Ридот, но и таму да се молат. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучно отфрли каква и да е намера тоа да го промени. Повиците на радикалните еврејски групации и партии да се дозволи молитва на Ридот, па дури и да се уништат двете џамии и повторно да се изгради Ерусалимскиот храм, според него, не ја одразуваат и политиката на владата./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 минута

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет27 минути

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет2 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет2 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет3 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет3 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија11 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија15 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија19 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија20 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија20 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија21 час

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија22 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет22 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија23 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија23 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија24 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет24 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...