Контакт

Вести

Кабул ја потврди смртта на талибанскиот водач мула Омар

Објавено пред

Авганистанските власти ја објавија во средата навечер смртта на мулата Мухамед Омар, врховниот водач на талибаните кој од 2001 година беше во бегство, што може да ги продлабочи внатрешните поделби во исламистичкото бунтовничко движење пред продолжување на мировните преговори со владата во Кабул, а портпаролот на Белата куќа изјави дека Вашингтон ги смета за „многу веродостојни“ информациите за смртта на мулата по кого распиша награда во износ од 10 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

„Мула Омар е мртов. Умрел во болница во Карачи (Пакистан) во април 2013 година (….) во мистериозни околности“, изјави за AFP, Хаси Седики, портпаролот на авганистанската Национална разузнавачка служба NDS.

Со тоа официјален Кабул јавно ги потврди претходните информации кои дојдоа од страна на владини функционери и од страна на некои талибански команданти, дека водачот на авганистанското движење Талибан, мулата Мухамед Омар починал во Пакистан, од болест.

Истовремено во Вашингтон на редовниот брифинг со новинарите во Белата куќа, портпаролот Ерик Шилц објави дека „веруваме оти извештаите за неговата смрт се веродостојни“, додавајќи дека САД нема да ги коментираат „конкретните околности на неговата смрт, како и дека разузнавачките агенции гои уточнуваат информациите, пренесе Reuters.

Талибаните, иако претходно најавија, до средата вечерта официјално ниту ја потврдија, ниту ја демантираа веста за смртта на нивниот командант, кој во јавноста не е појавен од 2001 година.

Како челник на талибанскиот режим, мулата Омар дефакто беше претседател на Авганистан во периодот од 1996 до 2001 година, а почна да се крие по американската инвазија со која беше соборен. Мула Омар ги водеше талибаните во победата над ривалските авганистански милиции во граѓанската војна којашто избувна по повлекувањето на советските војски од земјата.

Неговиот сојуз со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, односно нејзиниот основач и идеолог убиениот во Пакистан Осама бин Ладен, се смета за главната причина за американската инвазија во 2001 година, по терористичките напади врз САД од 11-ти септември таа година. Оттогаш Омар постојано успешно се криеше, а Вашингтон објави награда за информации во врска со него од десет милиони долари.Веста за смртта на мулата Омар е објавена два дена пред почетокот на вториот круг мировни преговори меѓу талибаните и авганистанската владаа, и се смета дека може да ги продлабочи поделбите во самото талибанско движење, коешто не е единствено по прашањето дали треба да се преговара со владата во Кабул, ниту, пак, за прашањето кој би можел да биде наследник на мулата.

На почетокот од јули, владата на Пакистан којашто и самата има проблеми со тамошното пакистанско движење, во туристичкото место Муре го организираше првиот официјален состанок меѓу челниците на талибаните и претставниците на авганистанската влада, за да го поттикне мировниот процес кај својот сосед. Но владата во Кабул, исто така, од поодамна го обвинува Исламабад дека го помага талибанското движење коешто војува против авганистанските сили и нејзините сојузници од НАТО.

Последната порака којашто му беше припишана на мула Омер е неговата писмена порака испратена по поводот празникот рамазански Бајрам, со кое дал премолчено одобрени за дијалогот со Кабул.

Последните месеци, исто така, многу талибански команданти го напуштија движењето кое е блиско до Ал Каеда, и ѝ се придружија на џихадистичката Исламска држава која се обидува да се етаблира и во Авганистан. Кој би го вклучила во својот ткн калифат кој минатото лето го прогласи на освоените територии во Сирија и во Ирак.

Талибаните официјално како предуслов за какви и да се мировни преговори го поставија повлекувањето на сите странски војници од Авганистан. Во моментов во оваа земја има само 13.500 странски војници под команда на НАТО најмногу американски, додека своевремено ги имаше и повеќе од 140.000. Нивната сегашен мандат е да ги обучуваат и советуваат авганистанските безбедносни сили.

Првите контакти меѓу владата во Кабул и талибаните ги покажаа и далбоките поделни меѓу самите талибански челници кои се во егзил во непристапните паштунски племенски области во пакистанските планини, додека политичко-дипломатското претставништво им е во Катар, кој ги обвинува талибаните во Пакистан дека дозволиле да бидат инструментализирани од пакистанските власти. Овие контакти немаа никакво ефект на ситуацијата на теренот, бидејќи талибаните дури и ги засилија нападите врз авганистанските сили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија2 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија2 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија3 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија4 часа

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија5 часа

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...

Свет5 часа

Лавров: Гренланд не е природен дел од Данска

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го коментираше конфликтот меѓу САД и Европа околу иднината на Гренланд, доведувајќи го...

Топ6 часа

Сакале насилно да влезат во затворена гостилница па го истепале сопственикот: 30-дневен притвор за двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека заеднички...

Свет7 часа

Трамп објави фотографија и порача: Мора да го добиеме Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори своето барање да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија. Зборувајќи со новинарите...

Свет8 часа

(Видео) Снежна бура во САД: верижен судир на повеќе од 100 возила

Повеќе од 100 возила се судрија или излетаа од меѓудржавен пат во Мичиген, САД, во снежна бура. Полицијата објави дека...

Свет8 часа

Данска со предупредување за одбраната на Гренланд: Воен конфликт со САД е реална можност

Копенхаген предупреди дека евентуалниот обид на САД да ја преземат контролата врз Гренланд со сила би довел до директен воен...

Свет8 часа

Поранешен советник на Трамп: Гренланд ќе остане Гренланд

Доналд Трамп нема да може да го принуди Гренланд да биде продаден на САД, изјави за Би-би-си поранешен висок советник...

Европа9 часа

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет9 часа

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет10 часа

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија1 ден

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија1 ден

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија1 ден

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет1 ден

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...