Вести
Камерон: Џелатот на Џејмс Фоли веројатно e Британец

Сѐ е поверојатно дека џелатот со англиски акцент кој се појавува на видеоснимката која на интернет ја поставија џихадистите од Исламската држава која покажува отсекување на главата на американскиот новинар Џејмс Фоли, е британски државјанин, изјави во средата навечер британскиот премиер Дејвид Камерон.
„Сѐ уште не сме ја идентификувале личноста одговорна за тој чин, но колку што можеме да оцениме, сѐ е поверојатно дека станува збор за британски државјанин“, изјави премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, излегувајќи од еден од многуте состаноци со коишто претседаваше во текот на денот, откако го прекина годишниот одмор со семејството што го минуваше во Корнвол.„Дозволете ми да го осудам овој варварски и свиреп чин и јасно да кажам дека тоа е убиство без никаква причина“, изјави Камерон за новинарите пред Даунинг стрит 10.„Тоа навистина ужасува. Меѓутоа, знаеме дека е голем број британски граѓани патувале во Ирак и во Сирија каза да земат учество во екстремизмот и насилството“, додаде.„Нашата задача е да ги удвоиме напорите за да ги спречиме нашите сограѓани да заминуваат таму“, порача Камерон.Премиерот покрај тоа дека потсети дека британската влада располага за низа мерки коишто ќе се примената врз оние коишто сакаат да отпатуваат на боиштата во Сирија и во Ирак, од одземање на пасошите, судски прогон и забрана на вршење пропаганда на интернет.Убиството на 39-годишниот Фоли во Ирак го осуди во средата навечер и францускиот претседател Франсоа Оланд, изразувајќи му сочувство на семејството на американскиот новинар за кој рече дека покажал голема храброст известувајќи од невралгичните региони во светот.„Претседателот на Републиката најостро го осуди варварството врз новинарот Џејмс Фоли кој беше земен во заточение од џихадистите на Исламската држава“, се вели во соопштението од Елисејската палата. Според Оланд, оваа терористичка организација покажува неверојатна „жестина и фанатизам“.Американскиот новинар Џејмс Фоли подготвуваше видеоматеријали за агенцијата AFP известувајќи од граѓанската војна во Сирија. Според очевидци, вооружени лица го киднапирале Фоли на 22-ри ноември 2012 година во близина на градот Рафаназ во северната сириска провинција Идлиб за време на репортажа заедно со негов колега кој исто така беше киднапиран./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.