Вести
Кампањата не успеа, обесена Иранката која го уби мажот што се обиде да ја силува
И покрај апелите на Обединетите нации и Amnesty International, 26-годишната Рејхане Џабари, којашто го уби мажот кој како тинејџерка се обидел да ја силува, е обесена во саботата наутро, пренесе новинската агенција Irna.
Смртната пресуда на 26-годишната девојка предизвика и меѓународни осуди, по што се обиде да интервенира и реформистичката влада на претседателот Хасан Роухани.Министерот за правосудство Мостафа Пур-Мохади на почетокот од октомври изјави дека траат обидите за отповикување на пресудата, како и дека на повидок е „среќен завршеток“. Меѓутоа, државните ирански медиуми подоцна објавија дека оштетените не се согласуваат.Дизајнерката Рејхане Џабари потврди пред судот дека во текот на 2007 година го убила Мортез Андолали Сарабанди во самоодбрана, кога тој се обидел да ја силува. Меѓународните организации за човекови права сметаат дека нејзините признанија дека го извршила убиството се изнудени со застрашување од обвинителството.Сарабанди, кој е поранешен соработник на иранското разузнавање, ја повикал во неговиот стан под изговор да ја ангажира да ја реновира неговата канцеларија, каде што според изјавата на девојката се обидел да ја силува.Агенциите забележуваат дека семејството на Сарабанди не успеало да се договори дали да ја прифати крвнината и нејзиниот живот да биде поштеден, како што определува исламското традиционално право, во предвидениот десетдневен рок како што од Исламската револуција во 1979 година го одредува шеријатското право. Некои од роднините сметале дека убиството е извршено со умисла. Синот на убиениот во текот на процесот, пак, тврдеше дека во собата имало уште еден маж, најверојатно соучесник, и инсистираше да биде откриен неговиот идентитет.Ирански актери и други познати јавни личности апелираа на замрзнување на извршувањето на смртната казна над девојката, а исто така имаше и многубројни молби од странство. Во последните седмици напорите за нејзино помилување се засилија, но во петокот на нејзината мајка ѝ било дозволено да ја види еден час, вообичаена практика пред егзекуцијата. Рејхане Џабари е обесена во саботата во техеранскиот затвор Евину.Џабари е обесена во согласност со куранскиот закон „око за око“, бидејќи со кујнски нож пред седум години го избодела повозрасниот маж, а судиите не ѝ поверуваа дека станува збор за самоодбрана. Единствена надеж ѝ беше врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, но тој речиси никогаш не се меша во одлуките на исламското судство.Според Обединетите нации, само во текот на 2014 година во Иран се егзекутирани повеќе од 250 лица, а според Amnesty International претходната 2013 година биле извршени над 370 смртни казни. Според властите во Техеран, најголем дел од ваквите казни се однесуваат на криумчари на дроги, како и на терористи./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.