Контакт

Вести

Канада го истражува Зихаф-Бибо, вети жесток одговор на тероризмот

Објавено пред

Канадската полиција го истражува минатото и активностите на канадскиот државјанин, 32-годишниот Мишел Зихаф-Бибо кој се преобратил во исламот и кој е осомничен за пукањето во зградата на праламентот во Отава во средата, а премиерот Стефен Харпер порача дека овој напад нема да ја застраши земјата и оти ќе ги удвои напорите во борбата пртови терористичките организации во странство.
 

dobivaj vesti na viber

Канадската полиција го истражува минатото и активностите на канадскиот државјанин, 32-годишниот Мишел Зихаф-Бибо кој се преобратил во исламот и кој е осомничен за пукањето во зградата на праламентот во Отава во средата, а премиерот Стефен Харпер порача дека овој напад нема да ја застраши земјата и оти ќе ги удвои напорите во борбата пртови терористичките организации во странство.

 

Вооружениот маж упадна во зградата на канадскиот парламент а многу куршуми биле истрелани во близина на просторијата во којашто премиерот Стефен Харпер имал обраќање пред парламентарците, по што напаѓачот идентификуван како 32-годишниот Мишел Зихаф-Бибо е убиен. Само неколку минути пред пукањето во зградата на парламентот, од огнено оружје пред споменикот на канадските жртви во војните во центарот на главниот инаку мирен град Отава беше ранет канадски војник кој подоцна во болница им подлегна на повредите.

Според канадските медиуми, вооружен мажот отворил оган кај споменикот каде што погодил и ранил војник, а потоа побегнал во блиската зграда на парламентот од каде што се слушнале најмалку 30 истрели, каде што и бил убиен. Се претпоставува дека дејствувал со уште најмалку тројца соработници кои се во бегство., пренесува AFP.

Полицијата во Отава соопшти дека засега е прерано да се зборува дали истото лице е одговорно за двата напада. Премиерот Харпер, исто така, изјави дека сé уште не е познато дали вооружени напаѓачи имале соучесници, но истакна дека Канада никогаш нема да дозволи да биде заплашувана.

„Тоа ќе ја зајакне нашата решителност и ќе ги удвои нашите напори и напорите на безбедносните служби да ги преземат сите потребни чекори за да се идентификуваат и спречат заканите“, изјави Харпер во обраќањето до нацијата во средата доцна навечер по локално време.

Убиството на канадскиот војни е веќе втор ваков инцидент за кој постојат сомневања дека се поврзани со исламистичките милитанти. Претходно во понеделникот преобратен во исламот Канаѓанец во близина на Монтреал со автомобил прегази двајца канадски војници при што еден од нив почина.

Двата напада се одиграа откако Канада објави на почетокот од октомври дека ќе испрати шест авиони во мисијата за воздушните напади против џихадистите од Исламската држава кои контролираат третина од Ирак и третина од Сирија, територии на кои во јуни годинава прогласи ткн „исламски калифат“. Премиерот Харпер изјави и дека Канада сега „ќе ги удвои своите напори во соработката со сојузниците низ целиот свет и во борбата против терористичките организации“.

Канадската полиција инаку и во четвртокот не потврдува дека убиениот напаѓач е Мишел Зихаф-Бибо. Меѓутоа, високи извори од американската влада за агенциите наведуваат дека станува збор за лице родено како Мишел Жозеф Хол, кој го променил името.

Двајца американски функционери истакнале дека американските разузнавачки агенции биле информирани дека осомничениот е канадски конвертит во исламот и дека станува збор за жител на франкофонската покраина Квебек. Канадската безбедносно-разузнавачка агенција не сакала да ги коментира за медиумите наводите за идентитетот на напаѓачот.

Ниедна група, било исламистичка било некоја друга, засега не ја презема одговорноста за нападите врз канадските војници во Отава и претходно во Монтреал.

Агенцијата Reuters наведува дека Зихаф-Бибо веќе имал неколку судири со канадската полиција во Квебек. Судски записи, имено, укажуваат на три случаја од 2004 година во коишто е вклучен и Зихаф-бибо кога ја признал вината за две кривични дела поврзани со дрога и е обвинет за непочитување на судијата.

Весникот The Globe and Mai, пак, повикувајќи се на свои безбедносни извори, истакнува дека канадската влада неодамна 32-годишниот Мишел Зихаф-Бибо го прогласила за патник од висок ризик и му ја одземала патната исправа.

Американскиот претседател Барак Обана го карактеризираше пукањето во Отава како „трагичен случај“ и ја истакна потребата од засилена претпазливост против насилството и тероризмот. Обама на брифингот со новинарите во Белата куќа изјави дека нема информации за мотивите за нападот, како и дека напаѓачот бил дел од поширока мрежа. Ја нагласил потребата од заедничко дејствување на двете земји. „мислам дека е многу важно да препознаеме, кога станува збор за борбата против терористичките активности, дека Канада и САД мораат да бидат сосема усогласени“, изјавил. Обама во телефонскиот разговор со Харпер му понудил помош.

Американски функционери истакнуваат дека не постојат индиции дека сличен напад се случил во САД, но ги повикуваат Американците на засилена внимателност. Функционер на американското министерство за татковинска безбедност изјавил дека немало сигнали дека настаните во Канада се закана за САД./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет3 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет4 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет4 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа4 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет4 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет10 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет10 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет12 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија13 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија14 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија15 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет15 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет16 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет17 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет18 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет19 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет22 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија24 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет1 ден

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...