Вести
Карл Билд помогнал да избега авганистански `затвореник`

Поранешниот министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билд, призна дека му помогнал на студент од Авганистан да избега од Кабул во 2009 година, криејќи се во шведски владин авион.
За случајот се дозна кога поранешниот норвешки министер за надворешни работи, Каи Еиде, напиша на Твитер дека Карл Билд бил вмешан во тајна мисија за да му се помогне на студент осуден на смртна казна во Авганистан.Поранешниот министер за надворешни работи, потоа, сам откри повеќе детали за случајот за весникот Expressen, опишувајќи како бил многу нервозен за време на операцијата, во која на студентот му помогнал да се качи на шведскиот владин авион, без тоа да го забележат силите на безбедност на Авганистан, кои се наоѓале во близина.Студентот, Сајед Первез Камбакш (25), кој исто така, бил и новинар за дневниот весник New World, симнал извештај за правата на жените од интернет, бил уапсен во 2007 година. Потоа бил тепан, затворен и суден на смртна казна поради преиспитување на исламот.Неговиот случај стана познат во светот, а многу организации за човекови права и политичари повикуваа за негово ослободување, вклучително и поранешниот државен секретар на САД, Кондолиза Рајс и британскиот поранешен секретар за надворени работи, Дејвид Милибанд.По меѓународниот притисок, неговата казна се намали на 20 години затвор, а подоцна тој беше и ослободен, но многумина се плашеа дека ќе биде убиен од екстремистите.Карл Билд за Expressen во четвртокот објасни дека за студентот неколкупати разговарал со поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзаи, по што одлучил да му помогне да избега од земјата, заедно со Каи Еиде.Двајцата му помогнале на Сајед Первез Камбакш да избега од Авганистан во 2009 година го качиле на авионот во сопственост на владата на Шведска и одлетале за Осло. И новешкиот министер за надворешни работи, Јонас Сторе бил запознат со нивниот план, како и еден функционер од Авганистан, кој Билд не го кажува затоа што е премногу опасно да се спомне неговото име. Откако Камбакш стигнал во Осло, се верува дека заминал за САД.Билд за Expressen вели дека операцијата ја држеле во тајност шест години за да се избегнат политички недоразбирања меѓу Шведска, Авганистан и Обединетите нации, како и да се заштитат авганистанските функционери кои биле дел од операцијата. Сега, вели, има помал ризик откако се сменија владите и на Шведска и на Авганистан./крај/е/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.