Контакт

Вести

Катарскиот емир во разговор со Меркел ја демантираше поддршката на IS

Објавено пред

Катарскиот емир Шеик Тамим бен Хамад ал-Тани во средата во Берлин во разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел се дистанцираше од Исламска држава и го демантираше дека оваа радикална сунитска групација ја ужива поддршката од владата на неговата земја.
 

dobivaj vesti na viber

Катарскиот емир Шеик Тамим бен Хамад ал-Тани во средата во Берлин во разговорот со германската канцеларка Ангела Меркел се дистанцираше од Исламска држава и го демантираше дека оваа радикална сунитска групација ја ужива поддршката од владата на неговата земја.

 

Веќе подолг период светските медиуми повикувајќи се на дипломатски извори го обвинуваат Катар дека ја поддржува Исламската држава. Кон средината на август германскиот министер за развој Герд Милер во телевизиско интервју, како што подоцна беше објавено од неговата портпаролка, „потпирајќи се на медиумски извештаи, а не врз конкретни докази коишто ги поседува владата на Германија“, го обвини Катар дека ја финансира терористичката џихадистичка организација Исламска држава. Официјален Берлин тогаш експресно реагираше со извинување до катарската влада.

„Катар никогаш не ги поддржувал екстремистичките групации“, изјави катарскиот емир Шеик Тамим бен Хамад ал-Тани на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по разговорите во Берлин. Одби, меѓутоа, да одговори на новинарско прашање дали ги поддржува екстремистите во Либија, пренесуваат германските медиуми.

Тамим ал-Тани од јуни 2013 година е катарски емир, и со 34 години е најмладиот арапски владетел.

Меркел, пак, изјави дека емирот убедливо и’ објаснил дека меѓународната борба против Исламската држава за Катар претставува прашање на безбедноста. „Немам причини да не им верувал на зборовите на емирот“, изјави Меркел.

Во разговорите станало збор и за односите на Катар со палестинското исламистичко движење Хамас, кое управува со палестинската енклава Појасот Газа а ова лето се судри со Израел. Катар, имено, го поддржува Хамас, кој западните земји го сметаат за терористичка организација.

Западот настојува да ги придобие на своја страна влијателните сунитски арапски земји во регионот на Персискиот залив за заедничка борба против Исламската држава. Сунитските екстремисти собрани околу оваа екстремна организација, којашто според некои процени брои повеќе десетици илјади борци од целиот свет, контролираат големи делови од Ирак и од Сирија. Западот особено е вознемирен од фактот што во редовите на Исламската држава се борат и илјадници Европејци и стотици Американци кои преминале на исламот, а по враќањето на татковините можат да преземат напади врз западни цели.

Наводната поддршка на Катар за џихадистите од Исламската држава беше тема на разговорите и на емирот со германскиот сојузен претседател Јоаким Гаук. Според информации од неименувани дипломати присутни на средбата, Гаук, исто така, директно го запрашал емирот ал-Тани за односите меѓу Катар и Исламската држава, при што емирот одлучно негирал секаква катарска поддршка за оваа организација.

Разговорот на ал-Тани со канцеларката Меркел и со шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер во средата попладне во Берлин сепак се оствари, иако претходно се шпекулираше дека средбите се откажани.

Според анонимен член на надворешнополитичката комисија на Бундестагот (парламентот), Катар како важен меѓународен инвеститор и како организатор на светското фудбалско првенство во 2022 година е важен соговорник.

Претходно, заменикот на претседателот на германските социјалдемократи од SPD, Ралф Штегнер изјави дека Германија би требала да ги залади односите со Катар. „Земјите коишто финансиски или политички го поддржуваат тероризмот на Исламската држава, не би требало да добиваат германско оружје, ниту би требало да ги уживаат привилегираните економски односи со Германија“, истакна Штегнер.

Катар е еден од најголемите странски инвеститори во Германија, а со 13,9 милијарди евра е најголем од арапскиот свет. Инвеститорите од Катар имаат удели во најзначајните германски компании, како „Volkswagen“, „Deutsche Bank“, „Siemens“ како и во градежниот гигант „Hochief“. Истовремено, германските компании учествуваат во подготовките за светското фудбалско првенство во Катар.

Во разговорот меѓу емирот и највисоките германски функционери било отворено и прашањето на положбата на странските работници во оваа земја, во којашто особено на градилиштата на фудбалските стадиони, живеат и работат во лоши услови.

„Многу јасно реков дека земја како што е Катар, којашто спаѓа во најбогатите во светот, мора да понуди добри услови за странските работници“, изјави Меркел.

„Да, во Катар има проблеми. Не тврдиме дека сме идеална држава која не прави грешки. Но преземавме многу чекори и во врска со странските работници. Проектите чијашто цел е заштита на странските работници се спроведуваат“, возврати ал-Тани./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија8 часа

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија11 часа

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ14 часа

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија15 часа

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија16 часа

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет18 часа

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...

Македонија1 ден

Родителите на починатите деца од „Пулс“ бараат новиот јавен обвинител да го преиспита случајот

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска на 34. Марш за ангелите во Кочани побараа проширување на истрагата, утврдување...

Македонија1 ден

Откажани летови и отежнат авиосообраќајот на скопскиот аеродром поради маглата

Како резултат на ниската видливост предизвикана од густата магла што ја зафати скопската котлина денеска до 14 часот на Меѓународниот...

Македонија2 дена

Почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас

Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за најпрепознатливиот радио глас кај нас. Откако неодамна Перо...

Македонија2 дена

На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари...

Македонија2 дена

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста...

Македонија2 дена

Скопје руши рекорди по загаденост, утрово е втор град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот, а второ во Европа по загаден воздух.  Доколку...

Македонија2 дена

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ2 дена

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија3 дена

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија3 дена

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија3 дена

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија3 дена

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија3 дена

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...