Контакт

Вести

Казни од 500 долари за непотребно трошење вода во Калифорнија

Објавено пред

Регулаторите за вода во Калифорнија во вторник ја изгласаа одлуката за воведување казна од 500 долари дневно за граѓаните кои непотребно ја трошат водата за наводнување на тревниците, градините и за перење на автомобилите. 

Ваквата одлука доаѓа по извештајот дека потрошувачката на вода во оваа американска сојузна држава се зголемува поради најголемата суша во последните четири децении.

 

Извештајот покажува дека мерките за чување на резервите на вода не успеале да доведат до намалување на потрошувачката за 20 отсто, туку напротив пораснала.

 

Сепак, ќе биде казнувано само „непотребното наводнување“ на тревниците и градините, односно кога водата ќе истече на улица, потоа ако при миењето на возила на цревото нема млазници, а ќе биде казнувано и миењето тврди површини со црево, како што се тротоарите.

 

Новите казни се наречени „историски“ не само затоа што се без преседан во Калифорнија, туку ова е прв обид на сите граѓани и фирми да им се пренесе товарот за заштеда на водата што досега паѓаше само на земјоделците и на службите за заштита на природата.

 

Властите очекуваат казните, во време на најголемата суша во Калифорнија од средината на 1970-тите, а за чија сериозност градските власти и граѓаните не се свесни, да сочуваат онолку вода колку што е потребно за 3,5 милиони луѓе за една година.

 

Од правилата за казнување се изземени потребите за јавно здравје и безбедност, како што е миењето на улиците каде што престојуваат бездомници, потоа отстранување графити и чистење талози од нафта и масти од паркинзите.

 

Доколку казните не донесат резултати, властите веќе планираат други мерки, како што се барање до локалните водоводни претпријатија во целост да го запрат течењето од цевките на што одат десет проценти од потрошувачкатан а вода, следуваат и построги ограничувања за уредување на земјиштето и поскапување на водата за потрошувачите кои трошат над просекот.

 

Домаќинствата во потрошувачката на вода во Калифорнија учествуваат со 20 отсто, додека земјоделството е најголем потрошувач со 75 проценти./крај/мф/сд

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Вулин: Ова е обид за државен удар, вечерва се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион3 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион4 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет6 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион8 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија9 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија9 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија11 час

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион12 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион12 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион13 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија14 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет14 часа

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Свет15 часа

(Видео) Автобус полн со матуранти во Кина падна од мост во езеро, најмалку 21 загинат и 15 повредени

Најмалку 21 човек загина, а 15 се повредени кога автобус излета од патот и падна во езеро во Кина. Автобусот...

Свет15 часа

Во САД над 3 милиони заразени со Ковид-19

Бројот на заразени со коронавирус во САД надмина три милиони, сè повеќе сојузни држави бележат рекорден број нови случаи, а...

Македонија15 часа

Задолжителен тест за граѓаните на Србија, Косово, БиХ и на Црна Гора при влез во земјата, препорача Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок, на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез...

Регион16 часа

(Видео) Солзавец и оклопни возила на протестите во Белград по најавата за нов полициски час

Полицијата во Белград утрово успеа да ги растера демонстрантите што од синоќа протестираа по најавата на претседателот на Србија, Александар...

Свет1 ден

СЗО: Епидемијата се забрзува, се појавуваат докази дека вирусот се пренесува преку воздух

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека епидемијата на коронавирус се забрзува и дека се појавуваат докази за пренесување на Kовид-19...

Регион1 ден

Србија го враќа полицискиот час, забрана за движење од петок до понеделник

Од утре во Србија ќе биде забрането собирање на повеќе од пет луѓе во отворен и затворен простор, а од...

Македонија1 ден

ДИК ќе прави симулација на изборниот ден во услови на пандемија

Државната изборна комисија утре ќе спроведе симулација на процесот на гласање под посебните протоколи поради пандемијата на коронавирус. Симулацијата ќе...

Досие