Контакт

Вести

Кејн: Клинтон е подготвена да даде дополнителна информација за своeто здравје

Објавено пред

Кандидатката на владејачката Демократска партија на американските ноемвриски претседателски избори, Хилари Клинтон, „се обврзува наскоро да обезбеди повеќе информации за својата здравствена состојба“, изјави во вторникот нејзиниот кандидат за потпретседател на САД, Тим Кејн, по предизборен собир во Дејтон, во сојузната држава Охајо.

dobivaj vesti na viber

Меѓутоа, новинарите многу повеќе отколку на ова ветување покажаа интерес за изјавата на поранешниот гувернер на Охајо а сега кандидат за сенатор, Тед Стрикленд, кој во веведниот говор пред настапот на кандидатот за потпретседател Тим Кејн на собирот изјави дека доколку е неопходно, вториот е „подготвен да биде претседател“ на земјата.

Во неделата Хилари Клинтон беше принудена предвреме да ја напушти церемонијата во спомен на жртвите од терористичките напади од 11-ти септември 2001 година во Њујорк, откако ѝ се слоши. Подоцна беше објавено дека причина за тоа е пневмонија. Во моментов таа закрепнува во нејзиниот дом во државата Њујорк, привремени прекинувајќи го личното учество во изборната кампања.

Според Кејн, тој веднаш ја повикал по непријатноста во Њујорк и како што тврдеше пред новинарите таа „изгледаше одлично, живо реагираше на неговите зборови, беше зборлива и се шегуваше“. Оцени дека Клинтон се преморила, бидејќи минатата седмица „работела без да се штеди“, а потоа отишла на важната за неа церемонија во неделата, иако уште во петокот ѝ била дијагностицирана пневмонија.

„Таа води кампања веќе осумнаесет месеци. Нејзината енергија ме восхитува. Ќе ми биде тешко да ја следам“, изјави 58-годишниот сенатор за својата 68-годишна партнерка во трката за Белата куќа.

Како што оценува весникот The Columbus Dispatch, „дежурните комплименти“ од страна на Кејн се разбрани како „должност“, додека изјавата на Стрикленд за самиот кандидат за потпретседател „предизвика бурна реакција“, иако во други околности би била „сосема рутинска“.

Шпекулациите за здравствената состојба на Клинтон не стивнуваа и во вторникот. Така, телевизиската мрежа NBC објави список со прашања до нејзиниот предизборен штаб „на кои досега нема одговори“.

Новинарите особено ги интересирало: зошто се криела таква дијагноза, како што е пневмонијата; дали станува збор за атипична пневмонија којашто може да се прележи на нозе; чувствувала ли Клинтон последните денови слабост од други причини; дали по неделната епизода Клинтон ја загубила свеста; зошто не била хоспитализирана, туку прво ја однеле во домот на ќерката Челзи во Њујорк, итн.

Американките медиуми не веруваат дека од изборниот штаб на поранешната прва дама и државна секретарка ќе одговорат на овие, како и на други прашања. Забележуваат, исто така, дека Клинтон отсекогаш била позната по отсуството на желба да комуницира со новинарите, пример што го следи и нејзиниот изборен штаб. Дури и актуелни службеници на Стејт департментот, кои работат со медиумите, се жалат дека нејзиниот штаб е сосема „недостапен“.

Во понеделникот портпаролот на нејзината кампања Ник Мерил кусо изјави дека Клинтон „по советите на лекарите останува дома и одмора“. Нејзината состојба „продолжува де се подобрува“, додаде, како и дека Клинтон закрепнува од слабоста и ја продолжува предизборната борба.

Во поновата американска историја новинарите успеаја да пронајдат само еден преседан на откажување на кандидатот од кампањата за претседател на држава. Во 1972 година сенаторот Том Иглтон се согласил да се кандидира за потпретседател како партнер на Џорџ Мекговерн, но наскоро бил принуден да се повлече, поради нападите на тешка депресија. Тоа уште повеќе и поткопало позициите на Мекговерн во трката со тогаш актуелниот американски претседател Ричард Никсон, кој се бореше за уште еден мандат./крај/мф/сн

Извор: NBC News



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија12 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија13 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија15 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион16 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија16 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија17 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија17 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет20 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа20 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет21 час

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа21 час

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет21 час

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет22 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија22 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија2 дена

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија2 дена

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија2 дена

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија2 дена

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...