Контакт

Вести

Кери го побрзува Иран да донесе ‘тешка одлука’

Објавено пред

Договорот за иранската нуклеарна програма е можен доколку Иран ја донесе потребната „тешка одлука“, но во спротивно САД се подготвени да ги прекинат преговорите, изјави во неделата американскиот државен секретар Џон Кери во австриската престолнина Виена.

dobivaj vesti na viber

Иран и САД „вистински напредувале“ кон нуклеарниот договорот, но неколку тешки прашања треба да бидат решени, изјави американскиот државен секретар Џон Кери за новинарите пред седиштето на Меѓународната агенција за атомската енергија (IAEA), која објави дека во помошниците на директорот на агенцијата Јукио Амано во неделата навечер патуваат во Техеран за да разговараат за тие прашања.

„Всушност остваривме вистински напредок, но не во неколку најтешки прашања“, изјави Кери во Виена каде од 26-ти јуни секојдневно преговара со иранскиот колега Мохамед Џавад Зариф, а во неделата руските медиуми објавија дека вечерта се очекува и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да отпатува во австриската престолнина.

„Доколку тешките одлика бидат донесени во следните неколку денови, брзо можеме да имаме договор уште оваа седмица“, го цитира Reuters Кери.

„Доколку не го постигнеме договорот и се соочиме со апсолутната непопустливост и неподготвеност за договор за работите кои нам ни се важни (американскиот претседател Барак) Обама секогаш говореше дека сме подготвени да ги прекинеме преговорите“ предупреди Кери.

„Никога досега не сме биле толку блиску до договор, но токму на таа точка преговорите можат да одат во една или во друга точка“, рече американскиот државен секретар пред состанокот со колегите од другите пет светски сили и Иран.

Иран и „шестката“ имаат намера да ги завршат преговорите ви текот на следните два дена, изјави, пак, министерот за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус.

„Во рок од два дена од сега, треба да ги завршиме преговорите. Ги имаме сите карти на масата. Прашањето е дали Иран е подготвен да земе јасна улога во процесот“, рече за AFP шефот на француската дипломатија.

Покрај Кер постојано престојуваше во Виена, освен кога во велосипедската несреќа го скрши колкот, за разлика од повремените појавувања на шефовите на дипломатиите на другите земји од ткн група „пет плус еден“, петте постојани членки на Советот за безбедност при ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија, последните девет дена , но кои се очекува во неделата навечер да се соберат во Виена.

Иран и светските сили речиси 18 месеци преговараат за принципиелно едноставните но во деталите извонредно сложени прашања, како што се да се стави под меѓународна контрола иранската нуклеарна програма во замена за укинување на децениските меѓународни санкции наметнати на Техеран.

Меѓународната агенција за атомска агенција треба да биде гарант за спроведување на одредбите од договорот од страна на Иран и да го известува Советот за безбедност на ОН за тоа. Меѓутоа, камен на сопнување е барањето на Западот инспекторите на IAEA покрај ненајавените инспекции на иранските нуклеарни постројки да има право да врши ненадејни контроли и во иранските воени постројки, да има пристап до документацијата и до списокот со имињата на научниците кои учествуваат во програмата, што за Техеран смета дека е нарушување на неговиот суверенитет и безбедносните прашања./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Остра расправа во Уставниот суд: ДИК правилно постапила, независните можат со два потписа да учествуваат на изборите

Правилникот на Државната изборна комисија кој дозволува учество на независните кандидати на изборите со само два потписа е основан и...

Македонија4 часа

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за светлата во Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко, за злоупотреба на службена положба. „Осомничениот, во временскиот период...

Македонија6 часа

Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето

Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија,...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија11 часа

„Влен“: ДУИ за власт е подготвена да ја продаде Струга на Левицата, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...

Европа13 часа

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет13 часа

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа13 часа

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа14 часа

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...

Македонија22 часа

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа24 часа

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија1 ден

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ1 ден

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија1 ден

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија1 ден

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија1 ден

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...

Македонија1 ден

Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје. Според него,...

Македонија1 ден

Пред убиството Росица го пријавувала Стефановски за насилство и непочитување на забраната за приближување, го запалил и автомобилот на татко ѝ

Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на Росица Коцева (31) и на татко ѝ Киро Коцев (68) во Велес, претходно...

Македонија1 ден

Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување...

Македонија1 ден

Синоќа повторно предизвикан пожар на „Дрисла“

Синоќа, пред 23 часот, повторно беше предизвикан пожар на депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото што беше...