Вести
Кери го предупредува Пекинг дека ја продлабочува милитаризацијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/keri20keri.jpg)
Американскиот државен секретар Џон Кери во средата го критикуваше, како што рече, кинеското јакнење на милитаризацијата во Јужното Кинеско Море, област околу кој се зголемија тензиите меѓу Кина и другите азиски земји, што го загрижува нивниот сојузник Вашингтон.
„Постојат секојдневни докази за јакнење на милитаризацијата, на разни начини. Тоа предизвикува голеам загриженост“, коментираше американскиот државен секретар Џон Кери на брифингот во Стејт департментот откако тајванските власти објавија дека во средата Кина распоредила ракети земја-воздух на еден од островите во .Јужното Кинеско Море.
Кери потсети дека кинескиот претседател Кси Џинпинг во текот на неговата посета на Вашингтон кон крајот на 2015 година пред американскиот претседател Барак Обама изјави дека Кина не го милитаризира морето.
„Водевме сериозни разговори со Кинезите и верувам дека следните денови повторно ќе водиме сериозни разговори“, предупреди Кери.
Американскиот државен секретар истакна дека се надева оти Кина разбира дека е важно да се реши прашањето на територијалниот суверенитет во Јужното Кинеско Море, „не со еднострана акција, ниту со сила, ниту со милитаризација, туку на дипломатски пат и заедно со другите азиски земји“.
Кина има право да распореди ракети на својата територија и тоа е сосема легитимно, објави во средата тамошното министерство за надворешни работи, додека министерството за одбрана тврди дека ракетниот систем на островот во Јужното Кинеско Море, за кој право полагаат уште неколку земји од регионот сојузнички на САД, одамна е поставен.
Претходно во средата тајвански и американски функционери објавија дека Кина поставила напреден ракетен ситен земја-воздух на еден од островите во архипелагот Парасел. Оваа верига од мали острови години е под контрола на кина, но Тајван и Виетнам, сојузници на САД, тврдат дека тие полагаат право на архипелагот.
Кина полага право на поголемиот дел од Јужното Кинеско Море, низ кој годишни минуваат стоки во глобалната трговија во вредност од 5 билиони американски долари, и од минатата година започна да гради писти и друга инфраструктура на вештачките острови и гребени за да го демонстрира своето присуство и претензии во регионот.
САД, пак, порачуваат дека ќе продолжи да ја спроведува „слободата на навигациските патроли“ со бродови и авиони за да обезбеделе непречено минување низ тоа област на која спротиставени права полагаат и Виетнам, Малезија, Брунеи, Филипини, Тајван па и Јапонија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.