Контакт

Вести

Кери ја предупреди Кина да не го милитаризира морето, Пекинг возвраќа

Објавено пред

Американскиот државен секретар Џон Кери во неделата предупреди дека САД ќе го сметаат секое воспоставување на кинеска воздушна контрола над Јужното Кинеско Море за „чин на провокација и дестабилизирање“, а Кина ги отфрли американските притисоци порачувајќи дека има суверенитет над спорната област. 

dobivaj vesti na viber

Американските функционери изразија загриженост дека скорешната можеби позитивна пресуда на меѓународниот хашки суд по тужбата на Филипини против Кина поради нејзините територијални аспирации во Јужното Кинеско Море може да го поттикне Пекинг да го прогласи тој регион за идентификациска зона која ја покрива кинеската противвоздушна одбрана, како што тоа го стори во 2013 година над Источното Кинеско Море.

„Би сметале дека зоната на идентификација… над деловите од Јужното Кинеско Море е провокативен и дестабилизирачки акт, кој автоматски би придонел за зголемување на тензиите и би ја довел во прашање кинеската посветеност на дипломатското решавање на територијалните спорови во Јужното Кинеско Море“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во текот на неговата посета на Монголија.

„Оттаму, ја повикуваме Кина да не презема еднострани чекори на начин кој ќе провоцира“, изјави Кери кој од Монголија ќе отпатува во Кина.

Кина сé уште не ги потврди, ниту ги демантираше таквите планови, порачувајќи дека одлуката за воспоставување на зоната на идентификација би се темелела на нивото на закани и дека има целосно право да воспостави таква зона.

Кина полага права на речиси целото Јужно Кинеско Море, но американските сојузници Брунеи, Малезија, Филипини, Тајван и Виетнам, исто така, полагаат право на овие води низ кои се одвива светската поморска трговија која годишно се одвива трговија во износ од пет билиони долари.

Кина во неделата ги отфрли американските притисоци да ги ограничи своите активности во Јужното Кинеско Море, порачувајќи дека има суверенитет врз спорната област и дека не стравува од проблеми.

Кинескиот адмирал Сун Џиангуо, на безбедносниот самит во Сингапур, изјави дека Кина никој нема да ја присилува, вклучително и меѓународните судови.

„Ние не создаваме проблеми, но од нив не стравуваме. Кина нема да трпи последици, ниту ќе дозволи загрозување на нејзините суверенитет и безбедносни интереси или ќе остане индиферентна додека некои земји во Јужното Кинеско Море создаваат хаос“, порача адмиралот Сун во обраќањето на самитот Шангри-Ла Диајлог.

Сун потсети дека Кина не ја признава надлежноста на меѓународниот хашки суд, кој наскоро би требало да ја објави пресудата по тужбата на Филипини./крај/мф/сн

Извор: Reuters/AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мециновиќ: Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Левица кој влезе во вториот круг на Локалните избори им се заблагодари на граѓаните...

Македонија3 часа

Не сум фокусиран на противникот затоа што противник и немам, тука сум за народот, вели Ѓорѓиевски и најавува посилно темпо

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој наспроти очекувањата, не победи во прв круг, вели дека уште...

Македонија4 часа

(Видео) Николоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, оставка од Филипче

Македонија е обoена во црвено. ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори до сега, било кога видена во...

Македонија7 часа

Втор круг во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, шест скопски општини добија градоначалници во првиот круг

Граѓаните во шест скопски општини веќе избраа градоначалници во првиот круг – Бутел, Чаир, Гази Баба, Кисела Вода, Ѓорче Петров...

Македонија7 часа

Шукова: Резултатот не е оној што го посакувавме, сепак се гордеам со кампањата што ја водевме

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, се огласи на социјалните мрежи откако вчера не успеа да...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ доминира во Советот на Град Скопје со 18 мандати, Левицата, „Влен“ и ДУИ имаат по 6

ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови во Советот на Град Скопје, вкупно 35,15 отсто, или 81.649 гласови. Со тоа, бројот на...

Топ8 часа

Го удирал со дрвена ногарка по главата, а потоа легнал да спие и го оставил брата си да лежи во крв: 37-годишник осомничен за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека...

Македонија8 часа

СДСМ по изборите: Oстануваме втора најсилна партија, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат пад на поддршката

По обработени 99 отсто од гласовите, од СДСМ соопштија дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицискиот партнер ЗНАМ, забележала голем пад...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ добива 32 градоначалника во првиот круг, „Влен“ зад нив со победа во пет општини

ВМРО-ДПМНЕ е убедлив победник во првиот круг од локалните избори, со освоени 32 општини, покажуваат утрово податоците објавени на страната...

Европа10 часа

Зеленски: Украина нема ништо да му подари на агресорот и нема ништо да заборави

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „ниту ќе ѝ даде ниту ќе ѝ заборави“ нешто на Русија најавувајќи зајакнување...

Свет11 часа

(Фото) Огромно парче запален отпад откриено во пустина во Австралија: најверојатно е вселенски отпад

Огромно парче запален отпад откриено во пустината Пилбара во Западна Австралија најверојатно е вселенски отпад што повторно влегол во атмосферата...

Свет11 часа

(Видео) Товарен авион „боинг 747“ се излизга од пистата во морето во Хонг Конг, двајца мртви

Товарен авион од Дубаи се излизга од пистата во морето при слетувањето на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг рано утрово,...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Не му кажав на Зеленски дека мора да ѝ го предаде целиот Донбас на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп им потврди на новинарите во „Ер Форс Уан“ дека прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас...

Европа12 часа

(Видео) Се појави снимка од ограбувачите на „Лувр“

Вчераутро, околу 9.30 часот, група од четири маскирани разбојници извршија брз и прецизен грабеж во музејот „Лувр“ во Париз, во...

Македонија16 часа

Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левицата имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот...

Македонија17 часа

Орце не бегај од дебата, од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата, порача Апасиев

Вечерва објавуваме дека Левица станува лидер на опозицијата во Македонија, објави на прес-конференција Димитар Апасиев, лидерот на оваа партија. „За...

Македонија18 часа

Победивме убедливо во првиот круг во Струмица, дваесет години чекавме на овој ден, рече Мицкоски и кажа дека Орце Ѓорѓиевски оди во втор круг

Историски резултати се бележат на овие избори и според премиерот и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој доцна...

Македонија19 часа

СДСМ победи во три општини во првиот круг, Филипче рече дека резултатот не е каков што посакувале сите, но не е лош

Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче, соопшти дека партијата на локалните избори победила во три општини во првиот круг –...

Македонија19 часа

„Времето на Ахмети заврши“: „Вреди“ прогласи победа во повеќе општини

Со слободен глас и чиста совест граѓаните ставија крај на ерата на една измама и страв отворајќи го патот за...

Македонија19 часа

Адеми од ДУИ: Историски резултат во Чашка, имаме градоначалници во прв круг и во Гостивар, Липково и Пласница

Арбер Адеми од ДУИ на прес-конференција изјави дека Националната алијанса за интеграција постигнала историски резултат во општина Чашка, која за...