Контакт

Вести

Кери: САД се за забрзана продажба оружје на земјите во Заливот

Објавено пред

Вашингтон ќе ја забрза продажбата на оружје на сунитските арапски земји во Персискиот залив, изјави во понеделникот американскиот државен секретар Џон Кери во Доха каде што разговараше со министрите за надворешни работи на овие земји за тероризмот и војната во Сирија, и настојуваше да ја добие нивната поддршка за нуклеарниот договор на Западот предводен од САД со нивниот шиитски ривал Иран.

dobivaj vesti na viber

„Договоривме да забрзаме некои од продажбите на оружје, коишто се потребни и за коишто во минатата беше потребно доста време, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на прес-конференцијата во катарската престолнина Доха.

Од името на арапските земји во Персискиот залив, домаќинот министерот за надворешни работи на Катар, Халид ал-Атија изјави дека нуклеарниот договор со Иран е „најдобрата опција за да се пронајде решение за иранското нуклеарно прашање преку дијалог“.

Една од целите на новата турнеја на Кери по Блискиот исток беше да се добие поддршката на арапските регионални сојузници за договорот со Иран, бидејќи заливските земји стравуваат од економското јакнење на Иран по укинувањето на децениското ембарго и санкциите, како и зголемување на неговото политичко влијание меѓу шиитските заедници и влади во регионот и охрабрување воено да ги помага.

Шесте арапски монархии во Персискиот залив, Бахреин, Катар, Кувајт, Саудиска Арабија и Обединетите арапски емирати, сунитски земји, главно поради тоа со претпазливост го примаат историскиот договор на шесте сили, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција плус Германија, постигнат со Иран на 14-ти јули во австриската престолнина Виена.

„Се договоривме за размена на разузнавачки податоци и увежбување на специјалните сили. Тоа се само некои од примерите кои покажуваат како мислиме да ја зајакнеме безбедноста во регионот и да ја подобриме соработката“, изјави Кери кој со арапските колеги разговарал и за ракетната одбрана, трансферот на оружје и „зголемувањето на бројот на воени маневри“ во регионот.

Биле водени разговори и за судирите во Јемен и Сирија, кои се претворија во конфесионални пресметки во кои Иран ја поддржува јеменската шиитска заедница племето Хутси, а во Сирија претседателот Башар ал-Асад, кој доаѓа од алавитската (шиитска) задница и чие заминување од власт го бараат земјите со чиишто претставници Кери разговараше во Доха. За ситуацијата во Сирија американскиот државен секретар ќе разговара во катарската престолнина и на трилатералниот состанок со рускиот колега Сергеј Лавров, кој исто така престојува во Доха, и со саудискиот – Абдел ал-Џубаир.

Кери и ал-Атија претходно инсистирале на тоа дека во Сирија треба да има политичко решение, а не воен одговор за граѓанската војна започната во март 2011 година, но нагласија дека претседателот ал-Асад не го гледаат како политики субјект во идниот политички систем на земјата.

„Политиката на ал-Асад придонесе порастот на екстремизмот во Сирија“, рече Кери. Меѓутоа, токму неговиот руски партнер со кој подоцна ќе разговара Лавров повеќепати истакна дека вооружувањето и активностите на разузнавачките служби на некои западни и арапски земји придонело за зајакнување на радикалните екстремистички сили во Сирија, како Џебхат ан-Нусра и Исламската држава.

Русија ја смета контрапродуктивна одлуката на САД за воздушни удари врз армијата на Сирија за да ја заштити вооружената (сунитска) опозиција, и тоа ќе ја комплицира борбата против тероризмот, изјави Лавров за руските медиуми пред средбата со Кери.

„Што се однесува до последниот развој на ситуацијата, акциите на коалицијата што ја формираа САД за борба против терористичката група Исламска држава, јавно изјавуваме дека е контрапродуктивно тоа што нивната авијација врши удари за заштита на ткн умерена опозиција“, рече шефот на руската дипломатија истакнувајќи дека тоа поставува многу прашања и ќе ја комплицира борбата со тероризмот.

„Тешко е понекогаш да се разбере кој со кого војува и кој кому се меша“, додаде Лавров повторувајќи го ставот на Москва дека мора веднаш да се прекине со странското мешање во сирискиот конфликт. Според Лавров, за сирискиот проблем треба да се консултираат како Катар, Турција, Египет и Јордан, така и Иран.

Башар ал-Асад ја има поддршката на Иран, Русија а во Советот за безбедност на ОН и од Кина. Москва го почитува ставот на официјален Дамаск дека за евентуалното заминување на ал-Асад ќе одлучува сирискиот народ на избори.

Драматика на ова прашање во понеделникот се обиде да му даде и турскиот претседател Реџеп Таји Ердоган кој се присети дека во разговорите што ги водел со рускиот претседател Владимир Путин во јуни на отворањето на Европските игри во азербејџанската престолнина Баку, добил впечаток дека Путин го напушта Асад. „Добив впечаток дека тој го менува својот став“ во однос на сириската криза, го цитираат турските медиуми Ердоган.

Меѓутоа во понеделникот во Доха, Лавров порача дека тоа што тој разговарал со поранешниот челник на арапската асоцијација и престојува во Катар не значи дека Русија го изменила ставот во врска со сириското прашање./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет2 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет3 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа3 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион12 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија13 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет15 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија21 час

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија23 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...