Контакт

Вести

Кери: Светот ќе биде побезбеден доколку САД и Русија соработуваат

Објавено пред

Светот ќе биде побезбеден доколку Вашингтон и Москва работат задно, изјави во вторникот навечер во Париз американскиот државен секретар Џон Кери по повеќе од тричасовните разговори со неговиот руски колега Сергеј Лавров, кој ја оцени средбата како многу корисна.

dobivaj vesti na viber

„Нашата цел денес е да ги продлабочиме нашите можности да работиме заедно; да соработуваме со Русија, каде што можеме, во интерес на нашите земји и земјите засегнати од дејствијата кои ние сме решиле да ги преземеме“, изјави Кери.„Доколку САД и Русија успеат во тоа да работат заедно, светот ќе стане побезбеден“, истакна американскиот државен секретар.„Разликите остануваат, но во заеднички интерес е да се бара договор по тие прашање“, рече Лавров цитиран од руските медиуми и истакна дека сите одлуки треба да се засноваат „на меѓусебно уважувачки дијалог, кој ќе се базира на рамноправното договарање и водење сметка за интересите на другиот“.„Разговаравме за многу прашања, ситуацијата во Украина, во Ирак, како и за прашањата од билатералните односи, некои прашања од хуманитарен карактер, кои се однесуваат на судбината на руските граѓани“, наведе Лавров.„Средбата, според мое мислење, беше корисна, се согласивме да ги продолжиме контактите за во сите тие прашање да оствариме напредок. Онаму, каде што можеме да соработуваме да продолжиме да го правиме тоа за да се подобри ефикасноста на заедничките напори, а каде што и натаму има разлики – да бараме договор кој ќе го одразува балансот на интересите – справедливо и рамноправно“, информира шефот на руската дипломатија за разговорите со американскиот колега.Осврнувајќи се на ситуацијата во Украина, Лавров потцртува дека Русија и САД не се завојувани страни во конфликтот. Москва упорно повторува дека не е инволвирана во украинската граѓанска војна, додека Западот и кој ги поддржува новите прозападни власти во Киев ја обвинува дека го поддржува сепаратизмот во југоисточните доминантно рускојазични региони кои во април самопрогласија ткн народни републики. „Решението на украинската криза е можно само преку директни преговори и договор меѓу двете страни“, изјави Лавров. Според него, во моментов е најважно да не биде урнат мировниот договор од Минск. На 5-ти септември во белоруската престолнина украинските претставници и претставниците на побунетите источни региони Донецк и Луганск постигнаа договор за разграничување на воените единици и прекин на огнот, кој повремено се прекршува за што се обвинуваат двете страни.  Меѓутоа, Лавров не ја испушти можноста да ги спомене масовните гробници на територијата на Донецк откриени по повлекувањето на силите лојални на владата во Киев, истакнувајќи дека таа не била отворена на разговорот со Кери.

Кери во врска со украинската криза додаде дека на самитот во Милано. „Минскиот договор мора да биде исполнет во целиот обем, иако некои од точките се предмет на дискусија. Во текот на следните седмици ќе има многу претпазливи разговори за тоа. Мислам дека на средбата во Милано (во петок кога ќе се сретнат рускиот и украинскиот претседател) ќе биде утврден планот за имплементирање на договорот, кои точки се исполнети а кои не“, изјави Кери.Двајцата соговорници се договориле да комуницираат поефикасно во борбата против тероризмот, кој според нив станува главната закана за регионите на Блискиот исток и Северна Африка.„Вториот проблем, каде што сме заинтересирани за успехот на меѓународните напор е борбата против вирусот на еболата“, потсетувајќи дека Русија меѓу првите земји испрати свои лекари во Гвинеја и Сиреа Леоне кои се меѓу најпогодените од епидемијата и дека ќе ја поддржи иницијативата на генералниот секретар на ОН во справувањето со оваа закана соработувајќи со другите држави./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости/Итар-Тасс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија28 минути

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет4 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет4 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет5 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет5 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа5 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет5 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет11 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет11 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет13 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија14 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија15 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија16 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет16 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет17 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет18 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет19 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет20 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет23 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...