Контакт

Вести

Кери тврди дека системот со кој е урнат авионот е руски

Објавено пред

Американскиот државниот секретар Џон Кери изјави во неделата дека „многу е јасно“ дека ракетниот систем со кој е урнат малезискиот авион на истокот од Украина стигнал од Русија.

„Прилично е очигледно дека е употребен систем кој е донесен од Русија и предаден на сепаратистите во Украина“, изјави американскиот државен секретар Џон кери во разговор за американската телевизиска мрежа CNN.Кери во врска со тоа дека САД врз основа на сателитски снимки „знаат“ од каде е истрелан проектилот и „ја знаат неговата траекторија“. „Го знаеме и времето“, коа е истрелан, рече американскиот државен секретар, споменувајќи го и разговорот на припадниците на проруските ткн народни милиции за самоодбрана под чија контрола е областа на која падна авионот кој наводно го пресретнале украинските служби, и за чија автентичност вели дека е потврдена.„Сигурно знаеме дека Украинците тогаш не располагаат со таков ракетен систем во таа област. Значи, трагата води директно кон сепаратистите“, изјави Кери. Кери во разговорот за мрежата NBC нагласи дека постојат „извонредни индиции“ кои укажуваат на одговорност на Русија и проруските бунтовниц, необвинувајќи ги директно за ракетирање. Проруските бунтовници и претходно на ваквите обвинувања одговорија дека не располагаат со такви видови противвоздушни ракетни кои можат да соборат летало на таква височина – 10.600 метри. Претходно руското министерство за одбрана објави дека нејзините радарски системи детектирал радарска емисија на позиции кои ги има под контрола украинската војска. „Руската опрема на 17 јули детектираше активности на Купол радар, кој е дел од ракетниот систем ‘БУК – М1’ во близина на Стил, село оддалечено 30 километри од Донецк“, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Во соопштението се додава и дека радарот може да биде употребен за давање податоци на некој друг ракетен систем кој е распореден во овој регион и на кој МН17 му бил во полето на дострелот.Говорејќи за ситуацијата во областа на падот на малезискиот авиони, Кери изјави дека „тоа што се случува таму е гротескно“, истакнувајќи дека тоа е „спротивно на сѐ што (рускиот) претседател (Владимир) Путин и Русија дека ќе го сторат“. Според него „пијани сепаратистички војници ги трупаат телата на камиони, отстранувајќи тела и докази од местото на несреќата. Русија мора нешто да стори и да ги промени случувањата“, изјави американскиот државен секратер.Наспроти тоа, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на чии набљудувачи им беше дозволено да присуствуваат на местото на трагедијата соопшти дека не е сериозно да се тврди дека се уништуваат доказите, како и дека сите предмети се подигнати и чувани и додаде дека петте специјални вагони фрижидери со 195 пронајдени тела сѐ уште стојат на железничката станица во селото Торез, иако требаше да заминат уште претпладнето за Донецк, откако надзор извршиле инспекторите на ОБСЕ. Украина истовремено објави дека не може да ја гарантира безбедноста на стручњаците на местото на падот на малезискиот авион, додека проруските бунтовници го обвинуваат Киев дека намерно не ги запира воените дејствија за да им се даде можност на експертите да дојдат до местото на падот. „Украинската власт не може да гарантира безбедност на таа област. Русија уште не донесе одлука дека ќе гарантира безбедност“, изјави на прес-конференција во Киев вицепремиерот на украинската влада Володомир Гројсман./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

Макрон: Брегзит е историски аларм за ЕУ

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави денеска дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ е историски аларм што треба да ја принуди Унијата да се подобри.

Макрон рече дека на европските граѓани повеќе од кога и да било им е потребна обединета Европа за да ги бранат своите интереси што ги загрозуваат САД и Кина и да се справат со предизвиците како што се климатските промени, миграцијата и технолошкиот напредок.

„Овој излез е шок. Тоа е историски аларм што мора да се чуе во секоја од нашите земји, низ цела Европа и да нè натера да размислиме“, рече Макрон.

Тој ги критикуваше, како што рече, лагите, претерувањата и поедноставувањата што ја одбележаа кампањата за брегзит во 2016 година.

„Денес е тажен ден, да не го криеме тоа. Но, исто така, и ден што мора да нè натера да ги правиме работите поинаку“, рече францускиот претседател.

Тој додаде дека наскоро ќе ја посети Велика Британија со надеж дека двете земји ќе изградат нов, што е можно поблизок однос.

Велика Британија ја напушти Унијата на полноќ минатата ноќ. Од денеска почна транзиционен период во кој Лондон ќе преговара за условите за нов однос со ЕУ и нејзините членки.

Прикажи повеќе...

Вести

Рекордно топло време во Австралија

Објавено пред

Во Австралија вчера биле измерени рекордни 40,9 степени Целзиусови, со што е надминат претходниот рекорд од 40,3 степени Целзиусови, поставен на 7 јануари во 2013 година, соопшти Бирото за метеорологија, објави Би-би-си.

Овие температури се просек од максималните температури измерени во целата земја.

Австралија во изминатиов период се бори со сериозна суша и пожари. Според најавите од метеоролозите, во текот на неделата ќе биде уште потопло, што значи дека рекордот може повторно да се сруши.

На почетокот на неделата Перт, главниот град на Западна Австралија, забележа три дена по ред над 40 степени, рекорд за декември.

Премиерот Скот Морисон се соочува со јавна критика за неговиот одговор на природните непогоди и климатските политики на неговата влада.

 

Прикажи повеќе...

Вести

Пентагон тестира балистичка ракета

Објавено пред

Пентагон тестираше балистичка ракета, што е забранета со Договорот за нуклеарни боеви глави со среден дострел (ИНФ). Тестирањето било извршено вчера од базата Ванденберг во Калифорнија.

„Во моментот сме во фаза на оценување на резултатот од тестирањето“, соопшти Пентагон.

САД во август се повлекоа од договорот кој во 1987 година го потпишаа со Русија, откако утврдија дека Москва го прекршува истиот. Кремљ ги отфрли таквите обвинувања.

Договорот го потпишаа поранешните американски и советски претседател Роналд Реган и Михаил Горбачов и со него беа забранети проектили на копно со дострел од 500 и 5.500 километри.

Пентагон во август тестираше крстосувачка ракета со дострел поголем од 500 километри.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ39 минути

Се удави скопјанец во езерото Младост

Дваесет и осумгодишен скопјанец вчера се удави во водите на езерото Младост во Велес. Според информациите од МВР, М.С. влегол...

Регион1 час

Ребиќ: Странски служби ја рушат Србија

Директорот на српската полиција, Владимир Ребиќ истакна дека зад насилните протести во Србија, стојат странски разузнавачки служби. Според него, тие...

Топ1 час

Приведени и казнети „диви тркачи“ од скопските улици

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

Свет2 часа

Турист во Шпанија загинал по пад од тераса, а усмртил уште еден човек

Турист во Шпанија починал откако паднал од тераса на хотелот каде бил сместен, а усмртил и друг маж, кој во...

Свет2 часа

Во Бразил над 35 илјади нови случаи, сопругата и ќерките на Болсонаро негативни на ковид-19

Во Бразил во последните 24 часа се регистрирани нови 35.512 случаи на ковид-19, а починале уште 1.071 пациент. Од почетокот...

Свет2 часа

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија3 часа

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион15 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија17 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија20 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ20 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион21 час

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија21 час

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион21 час

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија1 ден

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија1 ден

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Досие