Контакт

Вести

Кери вели дека Турција е подготвена да ја затвори границата со териториите на IS

Објавено пред

Турција сака да ја затвори границата покрај подрачјата во Сирија коишто ги контролира терористичка група Исламска држава (IS), изјави во средата американскиот државен секретар Џон Кери, истакнувајќи дека „во интерес на Анкара“ е да ги блокира криумчарските рути со кои се служи споменатата џихадистичка организација.

dobivaj vesti na viber

„Преостанаа да се затворат уште 98 километри граници“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел. Додаде дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, „целосно се согласува“, со тој план. „Претседателот Ердоган сака тоа да го стори“, рече Кери, пренесува агенцијата DPA.

Турција, членка на НАТО, учествува во меѓународната коалиција против Исламската дражва, иако изминатите години беше соочена со тешки обвинувања од западните сојузници дека е колеблива тој поглед и дека се ги затвора очите пред милитантите кои преку нејзината територија влегуваат во Сирија, пишува натаму агенцијата,

Кери изјави и дека Русија може да одигра „извонредно конструктивна“ улога во Сирија, и го поздрави ангажманот на Москва во преговорите за ставање на крај на тамошната граѓанска војна. „Јасно е дека Русија може да одигра извонредно конструктивна и важна улога во барањето решение за таа криза, и мислам дека светот би го поздравил тој вид напори“, смета Кери.

Американскиот државен секретар додава дека САД побарале од сојузниците во НАТО да ја интензивираат поддршката на коалицијата којашто се бори против Исламската држава во Ирак и во Сирија., „Ги повикав сите сојузници во НАТО да ја интензивираат поддршката на таа борба, целејќи во срцето на организацијата во Сирија и во Ирак“, рече Кери додавајќи дека таа организација претставува закана за целиот свет.

Агенцијата Reuters, пак, ја истакнува изјавата на Кери кој информирал дека ирачката влада е запознаена со американските планови за распоредување на специјалците во Ирак и дека двете влади набрзо ќе ги договорат сите детали.

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави во вторникот дека САД планираат да испратат дополнителни специјални единици во Ирак, како помош на ирачките и курдските сили против Исламската држава, а ќе се разгледува и опцијата за дополнителни сили во Сирија.

Ирачкиот премиер Хадјер ал-Абад во соопштение ја поздрави странската помош, но истакна дека ирачката влада мора да го одобри распоредувањето на чии и да се специјални сили на кое и да е место во Ирак.

„Секако дека ирачката влада ја известивме пред објавувањето од страна на министерот Картер. Многу многу блиску ќе соработуваме со нашите ирачки партнери за тоа кој и каде конкретно ќе биде распореден, каква ќе биде мисијата и на кој начин ќе бидат поддржани ирачките напори да се уништи Исламската држава“, изјави Кери за новинарите во Брисел./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Борисов: Зборовите на Мицкоски се апсолутна провокација

Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација и на истите не треба да им се обрнува внимание. Ова...

Македонија10 часа

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што...

Македонија11 часа

АХВ изрече глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава, на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај...

Македонија11 часа

СДСМ е против промена на државниот грб

СДСМ е против промена на државниот грб кој го носи континуитетот на НОБ, изјави претседтелот на партијата, Венко Филипче. „Ние...

Македонија12 часа

Уапсени кумановец и тетовец во големата полициска акција: дрогата требало да заврши во Турција

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера, на граничниот премин Богородица беа...

Македонија12 часа

Мисајловски во Брисел потврди дека Македонија ќе продолжи да вложува 2 отсто од БДП за НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот...

Топ14 часа

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа16 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Свет17 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин на многу начини веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа17 часа

Европските сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет17 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе почне нова војна во Појасот Газа, што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет17 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија откога во...

Свет17 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Македонија1 ден

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија1 ден

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија1 ден

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија1 ден

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија2 дена

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...