Вести
Кери:САД ќе мора да преговараат со Асад

САД ќе мора да преговараат со сирискиот претседател Башар ал-Асад околу политичкото решение на кризата и се обидуваат да пронајдат начин да го принудат на преговори, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во интервјуто за американската телевизиска мрежа CBS.
Вашингтон, и покрај инсистирањето на официјален Дамаск оти претседателот Башар ал-Асад мора да има свое место во идните политички преговори за иднината на Сирија по четиригодишниот безуспешен обид да биде соборен од страна на вооружената опозиција која ја поддржува Западот, досега инсистираше дека Асад, кого го поддржува Русија, мора да замине од функцијата. Меѓутоа јакнењето на џихадистичката терористичка организација Исламска држава која контролира големи области во Сирија, очигледно го омекнува ставот на САД кон сирискиот претседател кој во моментов претставува единствената сила во регионот која може сериозно да ѝ се спротистави на Исламската држава.
Во интервјуто коешто ќе биде емитувано подоцна во неделата, американскиот државен секретар Џон Кери не го повтори вообичаениот американски став дека Асад го загубил легитимитетот и оти мора да замине од власта.
„На крајот ќе мораме да преговараме. Секогаш бевме подготвени на преговори во контекст на процесот Женева 1“, рече Кери алудирајќи на конференцијата од 2012 година во Женева, која повика на преговори за ставање крај на судирите во Сирија. Меѓутоа одбегна да каже дека ставот на САД и на неговите сојузници кои ја поддржуваат опозицијата досега толкуваа дека тој договор предвидува заминување на Асад од власта.
Кери додаде дека САД и другите земји, кои не ги именуваше, се обидуваат да пронајдат начин да ги обноват процесите за решавање на кризата. Русија минатиот месец организираше во Москва средна на расцепканата сириска опозиција и претставниците на владата во Дамаск, на која сепак одби да присуствува главната опозициска групација.
Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров иницираа под покровителство на ОН ланската година мировни преговори во Женева меѓу двете страни. Преговорите пропаднаа по двата круга, а засега нема сигнали за нивно продолжување./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.