Вести
Киев ја обвинува Русија дека носи уште тенкови во Украина

Киев во петокот ја обвини повторно Русија дека испратила уште тенкови и војници во источна Украина и дека тие се движат кон градот Новоазовск на брегот на Црното Море кој е под контрола на рускојазичните бунтовници со што го засилува присуството во областите кои, според украинските власти, би можеле да бидат следното главно боиште.
Русија засега не даде официјален одговор на ова обвинување, но тамошните медиуми и експерти коментираат дека станува збор за обид на Киев да оправда евентуално кршење на примирјето од украинска страна, со цел да се изврши уште поголем притисок и нови санкции врз Москва, којашто, според овие написи, е главната цел на „предизвиканата од Западот“ украинска криза. Западните медиуми, пак, коментираат дека доколку бидат потврдени овие обвинувања од Киев, тоа ќе претставува „конечен удар врз одвај применетото примирје“, коешто стапи на сила на 15-ти февруари, откако на 12-ти февруари во белоруската престолнина Минск, челниците на Украина, Русија, Франција и Германија потпишаа договор од 13 точки со чиешто исполнување треба да се постигне траен мир на одметнатиот рускојазичен украински исток.
Градот Новоазовск лежи на Црното Море, 40 километри источно од пристанишниот град Мариупол на Азовското Море, кој иако мнозински рускојазичен од април 2014 година е заземен од страна на украинските сили. Во извештајот на Reuters се наведува дека може да биде „отскочна штица“ за вршење притисок врз Мариупол , за излез кон југ кон црноморскиот полуостров Крим на кој ланскиот март доминантното руско и рускојазично население со референдум се присоедини на Русија, што Западот го смета за руско анектирање на украинска територија.
„Последните денови, и покрај договорот за прекин на огнот од Минск, се забележува како воена опрема и муниција ја преминуваат границата и од Русија влегуваат во Украина. Повеќе од 20 тенкови, 10 ракетни системи и 15 камиони влегле во правец на Новоазовск. Автобуси полни со борци од Русија, исто така, се забележани при преминот на границата во споменатата област“, изјави украинскиот воен портпарол Андриј Лисенко за националната телевизија./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.