Вести
Кина е против мешањата во Јужнокинеското Море
Кина сака да соработува со Сојузот на земјите од југоисточна Азија (ASEAN) за да го „отстрани мешањето“ во спорните води на Јужнокинеското Море, изјави премиерот Ли Кечијанг во текот на регионалниот самит во Виентиан, главниот град на Лаос.
Филипини изјавија во средата дека се „сериозно загрижени“ дека кинеските бродови се подготвуваат на градат на спорните острови во Јужнокинеското Море, со што беше поткопан впечатокот на срдечноста на самитот на ASEAN.
Кина полага право на поголемиот дел од Јужнокинеското Море низ кое се одвива поморска трговија во вредност од повеќе од 5 билиони долари годишно. Виетнам, Филипини, Малезија, Брунеи, Тајван и Јапонија, сите регионални сојузници на САД, исто така, тврдат дека полагаат право на овие ненаселени острови за кои постојат истражувања дека се богати со минерали.
Во соопштението коешто подоцна во средата вечерта го објави министерството за надворешни работи на Кина, којашто инаку не ја признава јуриздикцијата на судот во Хаг, се наведува дека премиерот Ли Кечијанг изјавил дека Пекинг е подготвен да соработува со земјите од ASEAN на „отстранување на мешањата… и исправно решавање на прашањата во Јужнокинеското Море“, пренесе агенцијата Xinhua.
Како што забележуваат западните медиуми, Ли притоа не навлегувал во поединости, но толкуваат дека таквите изрази кинеските челници ги употребуваат вообичаено упатувајќи порака дека е недозволиво земји надвор од регионот како што се САД, без директна вмешаност во спорот, да се мешаат.
„Со заеднички напори на Кина и членки ASEAN, состојбите во Јужнокинеското Море одат во позитивна насока“, додал Ли.
Авторите на американско истражување за инцидентите во овој важен трговски поморски правец, велат дека сé понаметливото однесување на бродовите на кинеската крајбрежната стража во Јужнокинеското Море се заканува со дестабилизација на регионот. Неколку часа пред самитот во Лаос, филипинското министерство за одбрана објави фотографии и мапи, на коишто како што тврди, се поголем број кинески пловила се наоѓаат крај атолот Скарборо, кој од 2012 година Кина го смета за своја територија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.