Контакт

Вести

Кина одби американските воени бродови да го посетат Хонгконг

Објавено пред

Кина го одбила барањето на група американски воени бродови предводени од „USS John C. Stennis, да го посетат Хонгконг, објави во петокот американското министерство за одбрана во периодот на засилените тензии поради кинеските територијални претензии во Јужното Кинеско Море.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Пентагон, Бил Арбан, изјави дека американскиот воен брод „USS Blue Ridge“ во моментов е во посета на пристаништето во Хонгконг и дека САД очекувале дека посетата ќе продолжи.

Портпаролот во писмена изјава вели дека Кина неодамна го одбила барањето за впловување на носачот на авиони „USS Theodore Roosevelt“ и бродовите кои го придружуваат, „и покрај долгата историја на успешни посети на пристаништето во Хонгконг.

„USS Blue Ridge“, командниот брод на американската Седма флота, пристигнал во петокот утрото во водите во близина на Хонгконг, соопшти поморската управа на Хонгконг.

Носачот на авиони на нуклеарен погон од класата Нимиц, „USS John C. Stennis“, е во мисија на патролирање по Јужното Кинеско Море, за чиј поголем дел право полага Кина, но и американските сојузници.

Кина полага права на речиси целото Јужно Кинеско Море, но американските сојузници Брунеи, Малезија, Филипини, Тајван и Виетнам, исто така, полагаат право на овие води низ кои се одвива светската поморска трговија која годишно се одвива трговија во износ од пет билиони долари.

Дополнително, нервозата во регионот го подигна кинеското градење на вештачки острови и гребени, на што Вашингтон одговори со испраќање бродови кои пловеа во близина на спорните острови а Пекинг реагираше со невообичаено остри реакции и предупредувања дека со тие постапки се ризикуваат инциденти.

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер на 15-ти април го посети бродот „USS John C. Stennis“ во Јужното Кинеско Море, за да потсети на загриженоста на Вашингтон за слободната пловидба во овој дел од светот./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

(Фото) Спасени се двете лица на кои им се преврте чамецот во Мавровското езеро

Спасени се двете лица на кои денеска попладне им се преврте чамецот во водите на Мавровското Езеро, информираат од Центарот...

Македонија54 минути

Мицкоски за големиот протест во Србија: Ја следиме состојбата и не се мешаме во внатрешни работи на други земји

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија. Неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и...

Македонија2 часа

Над 160 веб-страници за нелегално коцкање ќе бидат забранети, најави Андоновски

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се...

Македонија2 часа

(Видео) Петрушевски: Народот на минималец, а Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Работниците се револтирани, затоа што додека ги манипулира Слободан Трендафилов, тој и луѓето околу него имаат месечни примања од над...

Македонија4 часа

(Видео) Филипче: Мицкоски не сака реформи, туку судство по своја мерка

Заканите на премиерот дека ќе му се случел народ на судството е порака дека тој признава само судство по своја...

Македонија5 часа

(Видео) Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, рече денеска на...

Свет6 часа

(Фото+видео) Голем украински напад врз Русија – соборени 126 дронови

Руските власти денеска соопштија дека пресретнале 126 украински беспилотни летала во текот на ноќта, главно над нивните јужни региони Волгоград...

Регион8 часа

(Фото+видео) Пречекани студентите кои пешачеа до Белград, денеска ќе се одржи голем протест – објавена е мапа на движење

Денеска во Белград се одржува голем студентски протест под слоганот „15 за 15“, а собирот е закажан да започне во...

Македонија9 часа

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во понеделник пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен,...

Македонија23 часа

Јахоски оди во притвор, Кривичен ја преиначи првичната одлука

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција,...

Топ1 ден

Работниците копале дупка за шахта и нашле коски во дворот на амбулантата во Илинден

Коски биле најдени за време на ископ на дупка за шахта, во дворот од амбулантата во населбата Илинден. „Амбулантата во...

Македонија1 ден

Подготвителната седница за Законот за јазиците ќе се емитува во живо: „Секој граѓанин ќе гледа и слуша како ја водиме постапката“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинарите информираше за одржување на претстојната Подготвителна седница за Законот за...

Македонија1 ден

Мицкоски: Предупредив дека народот може да се самоорганизира и да протестира, желен е за правда, не правам упад во судската власт

Најавите за протести премиерот Христијан Мицкоски вели дека се предупредување за незадоволството кај народот доколку сами не се повлечат од...

Македонија1 ден

Бугарија испрати јасна политичка порака дека не се посветени на изградбата на Коридорот 8, вели Николоски, кој алармирал во банките за пренамената на средствата

Министерот за транспорт и врски Аленсандар Николоски утрово алармирал во двете банки со кои земјава има потпишано договори за кредит...

Македонија1 ден

Ќе биде потпишан договор со многу моќна европска земја и ќе се мери во милијарди, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април...

Свет1 ден

Tрамп: Покварениот Џо Бајден нѐ доведе во вистински хаос со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика својот претходник, Џо Бајден, во објава на социјалните мрежи. „Покварениот Џо Бајден нè внесе...

Македонија1 ден

СДСМ: Министерката Јаневска скучила договор со „Пуцко петрол“ од 40 илјади евра

Продолжуваат партиските преписки за тоа кој, каков договор склучил со „Пуцко Петрол“, чијшто сопственик, Асмир Јахоски, е осомничен во случајот...

Европа1 ден

(Фото) Украинците оставија многу моќно оружје во Курск, Русите објавија фотографии

Кон крајот на минатиот месец, на 25 февруари, елитната руска група за беспилотни летала – Центарот за напредни беспилотни системи...

Македонија1 ден

(Видео) Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, „Пуцко петрол“ успевал за една година да го зголеми приходот 40 проценти

„Откако пред некој ден син на пратеник од ДУИ, сопственик на Пуцко петрол како мерка доби домашен притвор за случај...

Македонија1 ден

Левицата предложи 18 месеци платено породилно отсуство: Овој закон ќе ја подобри положбата на мајките и семејството и ќе создаде темели за решавање на најголемите демографски проблеми

„Во време кога Македонија се соочува со сериозна демографска криза, Левица предложи нов закон за 18 месеци платено породилно отсуство,...