Контакт

Вести

Кина: Последната таткова прегратка спаси девојченце во урнатини

Објавено пред

Тригодишно девојченце го преживеа уривањето на повеќекатница во кинескиот град Венжу, благодарејќи на тоа што нејзиниот татко во претсмртниот час со прегратка ја заштитил од урнатините, објавија во вторникот кинеските медиуми.
 

dobivaj vesti na viber

Тригодишно девојченце го преживеа уривањето на повеќекатница во кинескиот град Венжу, благодарејќи на тоа што нејзиниот татко во претсмртниот час со прегратка ја заштитил од урнатините, објавија во вторникот кинеските медиуми.

 

Малечката Ву Нинчи е пронајдена длабоко под урнатините на шесткатницата 12 часа откако се урнала зградата, објави во вторникот службената кинеска телевизија CCTV.

Преживеала само со мали гребаници, благодарејќи на тоа што нејзиниот татко со своето тело ја заштитил од сето она што на неа можело да се урне. Пронајдени се склопчени под урнатиот бетонски ѕид. За жал, за таткото немало спас.

„Детето преживеало само благодарејќи на тоа што таткото со своето тело создал простор за живот“, изјавил за телевизијата еден од спасувачите.

Снимките и фотографиите од местото на несреќата прикажуваа припадници на спасувачките екипи кои од под масата цемент и тули го извлекуваат девојченцето со искината облека и коса полна со прав и нежно ја положуваат на болничка носилка.

Во уривањето животите ги загубија 22 луѓе, вклучително и мајката на девојченцето. Спасени се пет лица.

Причините за несреќата се истражуваат. Според локалните власти, веројатно станува збор за комбинација од лоша градба, дотраеност на зградата и големото количество врнежи кои последните денови го зафатиле тој дел од Кина./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од...

Македонија13 часа

(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече...

Економија13 часа

(Видео) Мицевски: Обезбедени се средства од двата повици на Владата за Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за сите општини и сите граѓани

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, денеска од Крива Паланка изјави дека преку двата повици на Владата, за...

Македонија13 часа

(Видео) Манасиевски: СДС во октомври ги очекува дебакл

СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2....

Економија13 часа

(Видео) Димковски: Со 10 денари за откуп на пченица ВМРО-ДПМНЕ го закопа македонското земјоделство

Се случува хаос во земјоделието, земјоделците се оставени сами на себе едвај да преживуваат во тешки услови, кажа денеска на...

Топ16 часа

Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на...

Свет17 часа

(Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови

Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на...

Македонија1 ден

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized1 ден

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија2 дена

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија2 дена

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија2 дена

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија2 дена

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија2 дена

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ2 дена

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија2 дена

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија2 дена

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...