Вести
Кина распоредува ракети на спорните острови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/kina20persel20arhipelag.jpg)
Кина има право да распореди ракети на својата територија и тоа е сосема легитимно, објави во средата тамошното министерство за надворешни работи, додека министерството за одбрана тврди дека ракетниот систем на островот во Јужното Кинеско Море, за кој право полагаат уште неколку земји од регионот сојузнички на САД, одамна е поставен.
Претходно во средата тајвански и американски функционери објавија дека Кина поставила напреден ракетен ситен земја-воздух на еден од островите во архипелагот Парасел. Оваа верига од мали острови години е под контрола на кина, но Тајван и Виетнам, сојузници на САД, тврдат дека тие полагаат право на архипелагот.
Американски воени претставници изјавија дека системот HQ-9, со дострел од околу 200 километри, веројатно е поставен во периодот меѓу 3-ти и 14-ти февруари.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Ји, ги карактеризираше написите во западните медиуми како „измислици“. „Сметам дека западните медиуми сакаат да измислуваат приказни“, изјави во средата.
Меѓутоа, Ванг додаде дека е „ограничен и потребен самоодбранбениот систем кој Кина го постави на островот целосно во согласност со меѓународното право“.
„Кинеските воздушни и поморски одбранбени постројки на релевантните острови и коралните гребени постојат многу години“, објави кинеското министерство за одбрана.
Снимките од цивилниот сателит на компанијата „ImageSat“ покажуваат две батерии од осум лансери за ракети земја-воздух, како и радарски систем, според извештајот на американската телевизиска мрежа Fox News.
Кина полага право на поголемиот дел од Јужното Кинеско Море, низ кој годишни минуваат стоки во глобалната трговија во вредност од 5 билиони американски долари, и од минатата година започна да гради писти и друга инфраструктура на вештачките острови и гребени за да го демонстрира своето присуство и претензии во регионот.
САД, пак, порачуваат дека ќе продолжи да ја спроведува „слободата на навигациските патроли“ со бродови и авиони за да обезбеделе непречено минување низ тоа област на која спротиставени права полагаат и Виетнам, Малезија, Брунеи, Филипини, Тајван па и Јапонија./крај/мф/сн
Извор: Reuters/DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.