Контакт

Вести

Клинтон три и пол часа испрашувана во FBI во истрагата за електронската пошта

Објавено пред

Најверојатната кандидатка на Демократската партија за ноемвриските претседателски избори во САД, поранешната прва дама Хилари Родам Клинтон во саботата околу три и пол часа била испрашувана во американската сојузна полиција Федералното биро за истраги (FBI) во рамките на истрагата за користењето на нејзината приватна електронска пошта за службена комуникација во времето кога ја извршуваше должноста државна секретарка.

dobivaj vesti na viber

„(Поранешната) Државната секретарка Клитнон денеска утрото доброволно сведочеше за користењето на електронската пошта, во периодот кога беше државна секретарка.. Поради почитување на постапката на истрагата, нема да даде никакво коментар“, изјави нејзиниот портпарол Ник Мерил, пренесува AFP.

Додаде дека Клинтон е „задоволна што добила можност со помош на министерството за правосудство да ја заврши оваа истрага“, потврдувајќи дека испрашувањето траело три и пол часа во седиштето на FBI во Вашинтон.

Според извори на телевизијата CNN, правосудните органи сакаат да ја завршат прелиминарната истрага пред почетокот на партиските конвенции на републиканците и демократите кои започнуваат на 18-ти односно 25-ти јули, така што доколку против Хилари Клинтон биде покренато обвинение, Демократската партија да може да предложи друг кандидат за претседателските избори.

Американската сојузна полиција Федералното биро за истраги (FBI) ја истражува Хилари Клинтон дали го прекршила законот кога за деловната комуникација во периодот од 2009 до 2013 година додека беше државна секретарка, ја вршела од својот приватен сервер во домот во Њујорк и од приватната електронска пошта, а не од службената како што наложуваат законите. Истрагата со месеци фрла сенка на нејзината кампања за претседателските избори кои ќе се одржат на 8-ми ноември.

Оваа афера беше малку потисната во втор план изминатиот период сé додека не се откри дека минатите денови оти американската главна државна обвинителка Лорета Линч, која ја именуваше актуелниот демократски претседател Барак Обама, неодамна во авион имала тајна средба со поранешниот претседател Бил Клинтон, сопругот на претседателската кандидатка Хилари.Републиканците побараа оставка и од обвинителката Линч, а нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека состанокот во Феникс ќе останел таен, доколку за него не дознаел локален новинар.

Лорета Линч изјави во петокот дека ќе ги прифати препораките на директорот на Сојузната полиција (FBI) за тоа дали треба да се повлече од истрагата против најверојатната претседателска кандидатка на Демократската партија, Хилари Клинтон.

Американската сојузна полиција Федералното биро за истраги (FBI) ја истражува Хилари Клинтон дали го прекршила законот кога за деловната комуникација во периодот од 2009 до 2013 година додека беше државна секретарка, ја вршела од својот приватен сервер во домот во Њујорк и од приватната електронска пошта, а не од службената како што наложуваат законите. Истрагата со месеци фрла сенка на нејзината кампања за претседателските избори кои ќе се одржат на 8-ми ноември.

„Средбата меѓу Бил (Лорета Линч) веројатно го испланирала и го посакувала Хилари Клинтон“, напиша Доналд Трамп во петокот на Twitter.

Републиканскиот претседателски кандидат тврди дека средбата меѓу Клинтон и Линч требало да остане таен, и така би било доколку локален новинар не дознал за него, пишува AFP.

„Има ли барем еден човек кој верува дека тој состанок бил листа случајност“, твитуваше Трамп.

Хилари Клинтон е критикувана за користење на приватната електронска пошта во периодот кога беше американскиот државен секретар од 2009 до 201 година. Опасноста експертите ја гледаат во тоа што користејќи го приватниот сервер во нејзиниот дом нејзината службена преписка станал достапна за хакери. Покрај тоа, политичката одговорност се гледа во тоа што Клинтон имала целосна контрола врз кореспонденцијата и можела да избрише некои несакани пораки.

Во полемиката којашто ја загрозува Клинтон, Стејт департментот на својата интернет страница ланскиот септември објави бројни електронски пораки (4.368 мејлови, или околу 7.000 страници) кои ги испраќала, примала или ги проследувала од приватната електронска адреса и приватниот сервер додека ја водеше американската дипломатија.

Стејт депарментот по налог на американското правосудство од пролетта 2015 година, ги проверува, сортира и објавува во фази, секој месец, стотици и илјадници од повеќето од 30.000 службени електронски пораки на поранешната шефица на американската дипломатија.

Министерството призна дека шеесетина пораки морале дополнително да бидат вброени меѓу „доверливите“, што е најниското ниво според строгите стандарди и прописи кои важат за внатрешната и надворешната комуникација и размена на информации на американската администрација. Од околу 7.000 страници објавени пред половина година има речиси 250 страници, или стотина дополнителни пораки, кои се дополнително „подигнати на повисоко ниво на доверливост“.

За оваа дополнителна проверка на електронската пошта на Хилари Клинтон задолжен е главниот разузнавачки инспектор. Стејт департментот претходно извести дека засега е обработен поголемиот дел од официјалната преписка на поранешната државна секретарка која ќе биде објавена. Американското правосудство одреди дека целата преписка да мора да биде објавена до јануари 2016 година, нецела година пред одржувањето на американските претседателски избори.

Клинтон во нејзиниот мандат на државна секретарка, примила и проследила 62.320 електронски пораки од својата приватна електронска адреса (clintonemail.com), а не од владината (state.gov), како што наложуваат прописите, и како што тоа го правеле нејзините советници.

Американското министерство за надворешни работи првпат кон крајот на јануари годинава призна дека најмалку 22 електронски пораки испратени од приватната електронска адреса на Клинтон, ги содржеле некои од најчувствителните државни податоци, како што претходно веќе тврдеа американските безбедносни служби.

Во новиот пакет од електронската кореспонденција на Хилари Клинтон, објавен врз основа на наредба на сојузниот американски суд, изоставени се 22 електронски пораки поради тоа што податоците во нив се категоризирани како оние со највисоко ниво на тајност./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија12 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија13 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ16 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија16 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет18 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет18 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија19 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет19 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион19 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет19 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...