Контакт

Вести

Колумбија сé поблиску до конечниот мировен договор

Објавено пред

Челниците на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARK) биле многу оптимистични во неделата, на вториот ден од националната конгрес на оваа левичарска герилска групација на којашто треба да биде одобрен мирот со владата на Колумбија, а еден од нив го нарекол овој настан без преседан за движењето „извонреден успех“.
 

dobivaj vesti na viber

Челниците на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARK) биле многу оптимистични во неделата, на вториот ден од националната конгрес на оваа левичарска герилска групација на којашто треба да биде одобрен мирот со владата на Колумбија, а еден од нив го нарекол овој настан без преседан за движењето „извонреден успех“.

 

„Напредуваме, имаме ветер в грбот. Се покажа дека конгресот извонредно успеа“, изјавил Иван Маркез, водачот на делегацијата на FARC која на 24-ти август постигна договор со владата на претседателот Хуан Мануел Сантос за да се стави крај на вооружениот конфликт кој трае веќе 52 години.

„Се подготвуваме за свеченост во Картахена (…) Таму ќе го потпишеме конечниот мировен договор“, изјавил Маркез на прес-конференцијата на вториот ден од конгресот на FARC којашто до 23-ти септември ќе заседава во Ел Диаманте, во центарот на Кагуан, историското упориште на бунтот.

На конгресот учествуваат двесте делегати, меѓу кои и членовите на главниот штаб на герилата, како и претставници од базата, пренесува AFP.

„FARC е за мир. FARC размислува да се преобрази во легално политичко движење“, рекол Маркез додавајќи дека името на идната партија сé уште не е одредено, но дека конгресот ги земал предвид „предлозите на сите бунтовнички групи“.

Доколку на конгресот добие одобрение, FARC на 26-ти септември во Картахена со претседателот Сантос ќе го потпише мировниот договор, којшто, сепак, ќе стапи на сила дури откако колумбиските гласачи ќе го одобрат на референдум кој треба да се одржи на 2-ри октомври.

Во повеќе од полувековниот вооружен судир во Колумбија, учествуваа неколку бунтовнички групи од крајната левица, паравојски на десницата и државните вооружени сили. Во борбите загинале најмалку 260.000 луѓе, 45.000 се водат како исчезнати, а 6,9 милиони лица се раселени.

Колумбиската влада и герилците на левичарското движење FARC известија на 22-ри јуни дека го постигнале историскиот договор за конечно примирје кое отвора пат за скорешно потпишување мировен договор по повеќе од половина век граѓанска војна. Договорот со кој се утврдува начинот на завршувањето на судирот, спорна точка во мировните преговори, опфаќа „положување на оружјето, безбедносни гаранции (за бунтовниците) и борба со криминалните организации“, се наведува во текстот.

Поединостите од договор заеднички беа претставени во присуство на колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, врховниот командант на FARC, Тимоелон Хименез наречен Тимошенко, кубанскиот претседател Раул Кастро, норвешкиот министер за надворешни работи Броге Бренде и претставници на земјите кои посредувале до преговорите

Се оценува дека овој договор без преседан претставува важно придвижување кон помирувањето меѓу колумбиската влада и марксистичкото милитантно движење FARC, најголемата бунтовничка група во оваа земја, по повеќе до 50 години постојани судири. Од почетокот на мировните преговори во кубанската престолнина Хавана во ноември 2012 година, преговарачите се договорија околу клучните прашања, како што е учеството на бунтовниците во политичкиот живот, правото на земја, криумчарењето наркотици и трансформацијата на правосудството во земјата. Владата веќе педесет години се обидува да го реши вооружениот судир кој се проценува дека од 1964 година е најдолготрајниот вооружен судир на западната хемисфера.

Ова група е најголемата од бунтовничките во Колумбија и најстара во Латинска Америка, којашто официјално има околу осум илјади борци, главно повлечени во руралните области. Герилата во 2012 година вети дека нема да грабнува цивили и да бара откупнина, но не се откажуваше од грабнувањето полицајци и војници кои ги смета за воени заробеници.

Инаку, двете колумбиски герилски движење FARC и ELN, прогласија прекин на борбените дејствија од 20-ти до 28-ми мај 2014-та, пред одржувањето на претседателските избори на 25-ти мај таа година.

Досега од почетокот на преговорите FARC во два наврата еднострано прогласуваше примирје и повеќепати без успех бараше од владата и таа да прогласи примирје. На почетокот од годинава беше објавено третото примирје што го прогласија Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia – FARK), но е прво коешто го прифати и втората по големина бунтовничка групација во Колумбија.

Претставници на колумбиската влада и на FARK на 19-ти ноември 2012 година на Куба започнаа преговори за ставање крај на речиси конфликтот. Досега беа одржани девет круга на преговорите а во мај 2013 година беше постигнат договор со кој се повикува на економски и социјален развој на руралните области, а договорено е и делумна поделба на земјата на локалното население, што го решава еден од главните проблеми поради кои FARC во 1964 година го започна бунтот. Колумбиската влада се обврза да ги подобри услугите и инфраструктурата во руралните подрачја во рамките на широките напори за намалување на долгогодишните социјални и економски нееднаквости, а како едно од големите прашања беше прашањето за учеството на FARC во политичкиот живот на Колумбија.

Аналитичарите велат дека досега најмоќната бунтовничка организација во Колумбија од 2002 година претрпува силни порази од владините сили, а во последно време се забележани масовно дезертирање од нејзините редови, па бројката нејзини борци во моментов се проценува до седум илјади. Според колумбиското министерство за одбрана, во моментов бројката на борците е и до 60 отсто помала отколку во 2000 година, или приближно осум илјади борци.

Успехот во борбата против оваа пaравојска му се припишува на поранешниот претседател Алваро Урибе, чиј татко во 1983 година беше киднапиран и убиен од оваа организација. Урибе го сметаат за херој во Колумбија, бидејќи им нанесе големи загуби на бунтовници и притоа привлече странски инвестиции во земјата, која со децении е поделена од граѓанската војна. Неговата политика доби значителна поддршка во воена помош и парични средства од САД.

Во 2008 година, FARC за кусо време загуби три од седумте високи команданти. На 1-ви март таа година во напад на колумбиската војска врз камп на FARC на територијата на Еквадор беше убиен Раул Рејес, на 7-ми март шефот на внатрешната безбедност на FARC, за награда од милион долари го уби вториот човек во раководството на герилата, Иван Риос, и на 26-ти март од срцев удар почина основачот и лидер на формацијата, 78-годишниот Мануел Маруланда.

Со смртта на почетокот од ноември 2011 година на 63-годишниот Алфонсо Кано, еден од неколкумината од кои потекна идејата за формирање на FARC и главниот идеолог на движењето, можноста за добивање поддршка од локалното население и за спротиставување на владините сили за „изградба на Нова Колумбија”, беше доведена во прашање.

Армијата на националното ослободување (Ejército de Liberación Nacional, ELN), пак, се проценува дека во моментов брои меѓу 2.500 и 3.000 борци. Оваа леворадикална терористичка организација е исто така формирана во 1964 година, од група студенти кои враќајќи се од студиите на Куба, сакаа во Колумбија да го увезат револуционерниот модел на „Островот на Слободата”.

Движењето го иницира студентскиот лидер Фабио Васкез, а потоа свештеникот Камило Торес, познат универзитетски професор и поборник на еднаквоста и доследен марксист, кој критички настроен кон социјалната нерамноправност во Колумбија, подоцна се приклучува, како иден поборник на теологијата на ослободувањето за спроведување на идеите во практиката, преку револуционерна борба. Тој загинал во својата прва борбена акција во напад врз патрола и стана симбол за организацијата, но и за други свештеници кои го следеа неговиот пример.

По бројните неуспеси и порази, во почетокот на 1970-те отецот Мануел Перез стана еден од челниците на ELN и остана на неговото чело до смртта во 1998 година. Перез се смета основоположник на конечната идеологија, којашто е мешавина од марксизам, геваризам и „теологија на ослободувањето”. Нејзина цел е да се надмине социјалната неправда, сиромаштијата и политичката нестабилност во традициите на христијанството и марксизмот со користење на методи на герилската војна. Во периодот меѓу 1973 и 1974 година на ELN ѝ беше нанесен тежок удар, но движењето сепак успеа да опстане.

И ELN учествуваше во разговорите за приклучување кон мировните преговори коишто до 1998 до 2002 година ги водеше владата на Андрес Пастрана со FARC, но владината иницијатива за формирање демилитаризирана зона во јужниот дел од провинцијата Боливар за ELN беше запрена под притисокот на ултрадесничарските Сили за Самоодбрана на Колумбија.

Во последните години „ескадроните на смртта” на Урибе, како и засилените воени операции на колумбиската армија нанесоа големи порази на ELN. Кон крајот на август 2013 година претседателот Сантос објави дека е подготвен за мировни преговори со ELN, откако движењето ослободи канадски геолог кој беше во заложништво седум месеци./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Поврзаноста не се мери во лајкови, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15-18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на Осмиот Конгрес на лидерите на...

Македонија35 минути

„По Апасиев и Мециновиќ и Мојсоска си инкасирала пари од партијата додека критикувала за патни трошоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата. Додека...

Македонија60 минути

Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

Во изминатото деноноќие биле регистрирани вкупно 31 пожар на отворен простор. Според податоците на Центарот за управување со кризи, до...

Македонија1 час

Стразбур ќе одлучува за струшката депонија: пример за домашните судови во борбата против загадувањето

Судот во Стразбур во наредниот период треба да расправа за депонијата во Струга, која го „труе“ градот. Неговата одлука ќе...

Европа2 часа

Путин го разреши заменик-шефот на неговата администрација

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј Козак од функцијата заменик-шеф на руската претседателска администрација со декрет. Декретот од една...

Свет3 часа

Германскиот канцелар: Tреба да одлучам дали да ги поддржам санкциите кон Израел

Германија ќе донесе одлука дали да ги поддржи санкциите на Европската Унија против Израел пред состанокот на Европската Унија во...

Свет3 часа

(Видео) Трамп го нападна градоначалникот на Лондон: „Тој е меѓу најлошите во светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал градоначалникот на Лондон, Садик Кан, да присуствува на државниот банкет во Велика...

Европа3 часа

МИ6 ќе бара нови доушници на темната мрежа

Британските шпиони ќе ја користат „темната мрежа“ за регрутирање информатори и добивање класифицирани информации од агенти во Русија и низ...

Македонија13 часа

Побаран притвор за четири лица за пожарот на отпадот во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент, денеска донесе наредба за спроведување...

Свет17 часа

(Видео) Масовни протести во Франција: Уапсени 140 демонстранти, повредени осум полицајци

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се...

Македонија18 часа

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави...

Топ19 часа

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено...

Економија20 часа

Меѓународен ден на еднакви плати: жените во Македонија сè уште заработуваат помалку од мажите

Денеска, светот го одбележува Меѓународниот ден на еднакви плати, кој потсетува на потребата од еднакви можности и фер однос на...

Македонија20 часа

Над 500 административци од Скопје денес ги почнаа тренинзите за поголема професионалност, етика и транспарентност

Министерството за јавна администрација, денеска, го одржа првиот дел од најголемата програма за професионален развој на административни службеници во историјата...

Македонија22 часа

Концентрациите на ПМ 10-честичките во зоната на Трубарево се во рамките на дозволените граници, објави Министерството за животна средина

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во периодот од 17.9.2025 (9.30 часот) до 18.9.2025 (9.30 часот) беа...

Македонија23 часа

(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит...

Европа1 ден

Путин сака да го освои целиот Донбас; Зеленски: Подготвуваат две големи офанзиви наесен

Руските сили подготвуваат уште две големи офанзиви откако три кампањи веќе не успеаја оваа година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски....

Македонија1 ден

„Влен“: ДУИ партнер на Левицата, за власт ги гази Албанците

„ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната...

Свет1 ден

Трамп: Посетата на Велика Британија е една од најголемите почести во мојот живот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата посета на Велика Британија е една од најголемите почести во неговиот живот во...

Свет1 ден

(Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

Тројца полицајци беа убиени, а двајца други беа сериозно ранети во Пенсилванија во престрелка со вооружен човек кој подоцна беше...