Вести
Конгресмен: Податоците на разузнавањето укажуваат на терористички напад во рускиот авион

Податоците на американското разузнавање, како и отворените информации во врска со околностите од уривањето на рускиот патнички авиони во Египет, укажуваат на тоа дека во него бил извршен терористички напад, изјави за телевизиската мрежа Fox во неделата претседателот на комитетот за национална безбедност на Претставничкиот дом, конгресменот Мајкл Меккол.
Според него, можно е да се зборува за тоа дека терористите стојат зад експлозијата во авионот на руската воздухопловна компанија „Когалимави“ на 31-ви октомври над Синајскиот полуостров, и тоа „со голем степен на увереност“. Конгресменот Мајкл Меккол рече дека оцените „се засновани врз достапните извештаи на разузнавањето“.„Од моите разговори со официјалните претставници произлегува дека во нападот е инволвирана групата Исламска држава“, појасни Меккол.Од негов аспект, оваа верзија на несреќата ја потврдуваат „голем број фактори“. „Податоците од ‘црните кутии’ укажуваат на тоа дека во авионот се случила експлозија“, тврди американскиот конгресмен.Египетскиот и рускиот дел од меѓународната истрага за уривањето на рускиот авион со 224 луѓе, засега се резервирани во поглед на верзијата за експлозија на подметната бомба во авионот. Нивните експерти тврдат дека на остатоците од авионот, на телата од жртвите и другите предмети и др, не се откриени траги од експлозивни материи и апелираат да се почека на конечниот извештај на истрагата во која се вклучени стручњаци од десетина земји.Претходно во неделата агенцијата Reuters повикувајќи се на египетски извори од меѓународната комисија која ги истражува причините за падот на рускиот патнички авион на Синајскиот полуостров, објави дека тие се наклонети на верзија за можна експлозија на бомба во леталото непосредно пред неговиот пад, но не се стопроцентно уверени.„Показателите за мерење и анализа на звукот од записот на ‘црната кутија’ покажуваат дека станува збор за бомба. Ние сме 90 отсто сигурни дека тоа била бомба“, изјави соговорникот на агенцијата Reuters./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.