Вести
Кремљ повторно ги отфрли наводите на Белата куќа за хакерски упад

По обвинувањата на Вашингтон дека Москва се вмешала во председтаелските избори во САД и ги хакирала организациите на Демократската партија, во петокот се огласи Кремљ порачувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин по ова прашање на својот американски колега Барак Обама му дал „мошне јасен одговор“.
Помошникот на претседателот на Русија, Јуриј Ушаков, изјави за новинарите во Токио дека Путин на маргините на самитот Г20, во септември, на Обама му го објаснил ставот на Русија по ова прашање, јавува агенцијата TASS.
„Разговараа во четири очи на разни теми, вклучувајќи ја и оваа тема. Нашата страна даде мошне јасен одговор што можеби не се вклопи со она што Обама се обидуваше да ни објасни“, изјави Ушаков за агенцијата Reuters.
Обама, во четвртокот вечерта, изјави дека САД ќе преземат акција против Русија заради наводно мешање во изборната кампања, наведувајќи дека за тоа разговарал директно со претседателот Владимир Путин.
„Потребна е акција и ние тоа и ќе го направиме“, рекол Обама за Америкнаското национлано радио, пренесе BBC.
„Мислам дека нема никаков сомнеж во тоа дека кога странска влада ќе се обиде да влијае на интегритетот на нашите избори, мораме да преземеме акција – и тоа ќе го сториме на начин и време по наш избор“, порачал Обама, додавајќи дека „господинот Путин е свесен за тоа бидејќи директно разговарав со него на таа тема.“ крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.