Вести
Кубанските власти уапсија четворица дисиденти

Кубанската полиција уапсила во вторникот најмалку четворица дисиденти, меѓу кои сопругот на популарната блогерка Јоани Санчез, неколку часа откако објавил дека има намера да учествува на еден јавен собир.
Полициската акција против дисидентите е најголемата откако Куба и САД на 17-ти декември договорија дека ќе ги нормализираат дипломатските односи и ќе стават крај на непријателството коешто трае повеќе од пет децении и во знак на добра волја разменија меѓусебно затвореници со долги затворски казни поради шпионажа. Американските медиуми се еднодушни дека оваа акција ќе претставува најголемиот тест за дипломатијата во Вашингтон по знаците за затоплување на односите со Хавана.
Тогаш американскиот претседател Барак Обама изјави дека Кубанците не би требало да бидат изложени на вознемирувања и апсења поради изразувањето на сопствените мислења и ставови, како и дека неговата влада ќе продолжи да ја следи состојбата со човековите права на островот кој од револуцијата предводена од легендарниот Фидел Кастро има комунистичко уредување.
Јоана Санчез на Twitter објави дека полицијата ги уапсила нејзиниот сопруг Рејналдо Ескобар и дисидентскиот челник Елисер Авила пред нејзината куќа во главниот град Хавана, им ставила „лисици“ и го однела.
Ескобар, инаку, е главен уредник на дисидентската интернет страница 14ymedio.com. а Авила е челник на опозициската група Сомос Мас. Со нив е уапсен и Антонио Родилес, само неколку часа пред да присуствуваат на чувствителен политички настап на локалната перформерка Таниа Бругера.
Други дисидентски челници соопштија дека полицијата уапсила уште најмалку двајца припадници на опозицијата, како и дека уште неколкумина се во домашен притвор.
Кубанскиот претседател Раул Кастро пред извесно време го пофали американскиот колега Обама за промената на политиката кон Куба, меѓутоа, исто така, предупреди дека противниците на кубанските власти може да го поткопаат процесот на доближување на двете земји./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.