Вести
Курди: CIA има лоша процена за џихадистите, ги има 200 илјади
Во редовите на џихадистичката група Исламска држава има 200 илјади луѓе, што е неколкупати повеќе од процената на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), тврди претставникот на борците на пешмергите, милиција на ирачките Курди, Фуад Хусеин.
Според процените на CIA, во редовите на терористичката организација Исламска држава (IS) војуваат од 20.000 до 31.500 борци. Претходно, претставникот на американска CIA Рајан Трапани изјави дека бројките го одразуваат приливот во редовите на џихадистите на „регрутите“, кој е интензивиран поради вестите за воените успеси на Исламската држава изминатите месеци. Според претходните процени на експертите на разузнавачките служби, пак, бројноста на борците на Исламската држава не надминува 10 илјади.
„Зборувам за стотици илјади борци (на Исламската држава), бидејќи тие можат да ја регрутираат арапската младина на окупираните територии“, вели Хусеин, во интервју за весникот The Independent.
Според водачот на борците на ирачките Курди, можноста Исламската држава да спроведе офанзива истовремено на неколку фронтови во Сирија и во Ирак, сугерира дека „нејзината сила не е помалку од 200 илјади луѓе, што е шест до седум пати повеќе отколку што се претпоставува (CIA)“.
„Исламската држава го напаѓа постојано Кобане (Ајин ал-Араб, третиот курдски град по големина во Сирија). Во (ирачки) Курдистан минатиот месец нападнаа цели во седум различни области, како што се ел-Рамади (центарот на провинцијата Анбар во западен Ирак) и Џалула (град во источен Ирак на границата со Иран). Оттаму, не можеме да кажеме дека бројот на Исламската држава изнесува 20 илјади борци или тука некаде. Дваесет илјаид борци едноставно не можат да се справат со таква задача“, истакнува Хусеин.
Според процените на пешмергите, под контрола на Исламската држава во овој момент се третина од териториите на Ирак и на Сирија, со вкупна површина од околу 250.000 квадратни километри, којашто е приближна на површината на Велика Британија. На ова пространство живеат 12 милиони луѓе што оди во прилог на тврдењата на Хусеин дека можат да ја регрутираат локалната младина./крај/мф/сн
Извор: The Independent
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.