Вести
Курдите вратија под контрола два града во северен Ирак

Помогнати од американските воздушни удари, курдските сили во неделата вратиле под своја контрола два града во северен Ирак истиснувајќи ги џихадистичките борци на Исламската држава, при што загубиле околу 50 борци.
Високиот курдски функционер Хошијар Зебари за Reuters предупредил дека оваа воена победа сѐ уште не значи и пресврт во судирот. Додал дека Курдите повторно ги освоиле градовите Гуваир и Махмур во северните области на Ирак. Запрашан, колку американските воздушни удари ќе им помагаат на курдските борци – Пашмергите во борбата против добро вооружените и бројни борци на Исламската држава, одговорил „Како што (американскиот) претседател (Барак) Обама рече, нема временско ограничување“. Обама во саботата навечер објави дека во американските бомбардирања на позициите на сунитските екстремисти било уништено вооружувањето и опремата со кои џихадистите од Исламската држава би можеле да го нападнат Ербил, главниот град на полуавтономната област Курдистан во северен Ирак, на кој бунтовниците се доближија на само половина час возење. Меѓутоа, предупреди дека американската воздушна операција во Ирак би „можела да потрае извесно време“.Американскиот претседател нагласи дека САД ќе продолжат да даваат техничка помош и совети на ирачката владата и на курдските сили, но неколкупати истакна дека е важно Ирачаните сами да изберат влада на широко национално единство што Вашингтон го смета за едно од главните прашања на смирувањето на меѓуконфесионалните тензии во Ирак и справување на централната влада со екстремистите кои под своја контрола од почетокот на јуни држат големи области во северниот и централниот дел од земјата, вклучително и вториот град по големина Мосул, а се вкопани на 80 километри од престолнината Багдад.Во меѓувреме САД одлучија да евакуираат дел од персоналот од конзулатот во Ербил, кој е под закана од напад на Исламската држава, а во него се стационирани и десетици експерти во заедничкиот ирачко-американски воен оперативен центар. Стејт департменот, сепак, во неделата навечер објави дека амбасадата во Багдад и генералниот конзулат во Ербил ќе останат „отворени и оперативни“./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.