Вести
Курдскиот парламент изгласа за испраќање сили во Кобане

Пратениците во северната полуавтономна ирачка покраина Курдистан во средата соопштија дека гласале за испраќање на своите воени сили пешмергите преку турската територија во курдскиот сириски град Кобане.
Курдистанскиот претседател Масуд Барзани упати во вторникот писмо до членовите на покраинскиот парламент во коешто бараше одобрување за разместување на пешмергите во регионот за да се борат за одбрана на северниот сириски град Кобане (Ајин ал-Араб, на арапски), кој речиси еден месец е под опсада на Исламската држава и му се заканува да падне целосно во рацете на џихадистите.Приодот до Кобане е можен само преку малиот коридор кон границата со Турција, но официјална Анкара досега не дозволуваше премин на доброволците од нејзината територија , бидејќи нема доверба во сириските Курди поради нивната блискост со турските Курди од забранетата Работничка партија на Курдистан (РКК) коишто 30 години војуваат со турските власти за автономија при што загинаа повеќе од 40 илјади луѓе. Претседателот Ердоган во неделата повторно се оглуши на повиците неговата земја да им достави помош на сириските Курди во Кобане во оружје. Наместо тоа, главната курдска Партија на демократското единство (PYD), заедно со нејзиното вооружено крило Единици за заштита на народот (YPG), ја обвини дека е „терористичка организација“ поврзана со PKK. Од друга страна, Анкара ги помагаше досега ирачките Курди.„Денеска во парламентот се договоривме дека ќе ги испратиме пешмергите во Кобане, што е поскоро можно“, изјавил за Reuters еден од пратениците во курдскиот Двајца високи курдски функционери во вторникот најавија дека во тек се подготовки околу испраќањето помал број борци на пешмергите во Кобане, но дека ќе бидат потребни неколку дена додека бидат направени подготовките. Ирачкиот курдски функционер Хемин Хаврами на својот профил на Twitter напиша дека пешмергите ќе бидат вооружени со тешко оружје./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.