Контакт

Вести

Лавров и Кери разговараа за нормализација во Алепо, офанзивата продолжува

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери уште еднаш телефонски разговарале за нормализација на ситуацијата во сирискиот северен град Алепо, соопшти во неделата руското министерство за надворешни работи, додека продолжува офанзивата на сириските владини сили и сојузничките милиции со поддршка на руската авијација и освојуваат нови стратешки позиции во истоимената покраина.

dobivaj vesti na viber

„Беа разгледувани можните заеднички чекори за нормализација на ситуацијата во Алепо, како и работата во Советот за безбедност на ОН во врска со севернокорејскиот проблем, како и одделни аспекти на билатералните односи“, се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана кое го цитира агенцијата РИА во врска со разговорот од саботата ноќта.

Истовремено силите на сириската влада помогнати од локалните милиции и доброволци, како и од руските воздушни удари, продолжуваат со офанзивата чија цел е да се преземе целосно контролата врз Алепо, односно неколкуте квартови кои уште се под контрола на бунтовниците.

Овој втор по големина град во Сирија и нејзина финансиска престолнина од 2012 година е поделен на западните квартови кои ги контролираат владините сили провладините сунитски и христијански и алавитски милиции, и околу една третина од градот кој е под контрола на опозициските бунтовници кои се измешани со екстремните исламистички групи. Овој град со стратешка позиција, стана клучен фронт за натамошниот тек на сирискиот конфликт кој започна во март 2011 година и во кој според ОН досега загинале над 300.000 луѓе.

Сириската армија и борците на курдските Единици за заштита на народот (YPG) успешно во неделата извеле операција во северозападниот дел од покраината Алепо, заземајќи ја од бунтовниците индустриската зона во близина покраинската престолнина, пренесе службената новинска агенција SANA.

„Сириските сили и курдските единици успеаја да го скршат отпорот на терористите и ја ослободија индустриската зона Шкејф на северозападот од Алепо, и со тоа го истиснаа непријателот уште подалеку од северната рута за снабдување на Алепо“, изјавиле сириски воени извори.

Курдските сили ја потврдиле операцијата и соопштиле дека со владините војска извршиле напади истовремено од две насоки. Во моментов силите вршат чистење на објектите во заземената зона, се додава во соопштението.

Потиснувањето на бунтовничките сили од Шкејф следеше откако владините сили претходно ги ослободија болничкиот комплекс Кинди и палестинскиот бегалски камп Хандарта северозападно од Алепо, кои се во непосредна близина на северниот магистрален пат преку кој се снабдува градот.

Според ОН и Западот кој ја поддржува сириската сунитска вооружена опозиција, во офанзивата на сириската војска која започна на 22-ри септември во бомбардирањата загинале десетици цивили. ОН во неделата соопшти дека цивилите кои трпат од бомбардирањата на Алепо се соочени со „ниво на дивјаштво кое не треба да го доживее ниедно човечко суштество“, пренесува AFP.

Координаторот на ОН за итна помош Стивен О’Брајан повика на итна помош за да престанат бомбардирањата во Алепо. Тоа е „пекол на земјата“, рече.

Додаде дека во веќе катастрофалната ситуација со медицинската помош во бунтовничките квартови во Алепо, во кој можеби уште има 250.000 луѓе кои не успеале да се извлечат преку коридорите кои во август и септември ги отвори сириската армија, во саботата по вторпат седмицава била погодена најголемата болница во тие квартови,

„Здравствениот систем е сведен на нула“, рече О’Брајан, додавајќи дека болниците биле гаѓани една по друга. Ги повика завојуваните страни да овозможат евакуација на цивилите на кои итно им е потребна помош. И резервите од вода и храна се многу мали, додаде./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија41 минута

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија54 минути

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија2 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија2 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија2 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија3 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија3 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет6 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет6 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет7 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет8 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа8 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет8 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...

Свет13 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет14 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет15 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија16 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија17 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија18 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...