Контакт

Вести

Лавров: Русија ги зема предвид интересите на Сирија, а не само на Асад или на опозицијата

Објавено пред

Русија ги има предвид интересите на сите во Сирија, а не само на претседателот Башар ал-Асад или на опозицијата, изјави во саботата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во разговор за јавната телевизија во кој се осврна и на односите со Европската унија, и го критикуваше откажувањето на САД да примат висока руска делегација во рамките на напорите за решавање на сирискиот конфликт.

dobivaj vesti na viber

„Ние не сакаме да ги застапуваме личните интереси на Башар ал-Асад, ниту посебните интереси на опозицијата. Ги земаме предвид интересите на Сирија. А за Сирија е важно да биде мирна ситуација, што е можно поскоро завршување на војната за терористите да не добијат шанса да ја преземат власта во Дамаск, па и кој и да е друг дел од земјата“, рече Лавров и притоа не сакаше да навлегува во поединости околу неодамнешната посета на сирискиот претседател Асад на Москва и разговорите со рускиот челник Владимир Путин.

Лавров ги критикуваше САД за одбивањето на координација со Русија во антитетерористичката кампања на Блискиот исток.

„Нашето воено присуство во Сирија мнозинство го сметаат како најефикасен одговор на терористичката закана, особено во однос на повеќе од една година од траењето на коалицијата предводена од САД во борбата против Исламската држава, којашто во тој период само ја зголеми територијата што ја контролира“, рече Лавров.

„Голема грешка на Американците е одбивањето да се координираат со нас во антитерористичката кампања. Ние сме подготвени за такво координирање максимално длабоко“, истакна рускиот министер за надворешни работи.

Според Лавров, Москва е подготвена да соработува со патриотската опозиција, а исто така во воздушните напади ја поддржува Слободната сириска армија (FSA), отфрлајќи го обвинувањата на Вашингтон дека дури од 80 отсто од руските воздушни удари биле насочени кон опозициските групи а не врз позициите на Исламската држава. Истакна дека тоа се прави и покрај тоа што САД „одбиваат да споделат со нас информации за тоа, каде според американските процени се наоѓаат терористите, а каде патриотската опозиција“.

„За нас важно е да се дојде до личностите кои авторитетно ќе ги претставуваат вооружените групи, кои се спротиставуваат на тероризмот“, рече Лавров.

Според шефот на руската дипломатија, американскиот државен секретар Џон Кери во текот на нивниот телефонски разговор рекол дека условите за посетата на руската делегација во Вашингтон предводена од премиерот Дмитриј Медведев, „се уште не биле созреани“.

Лавров во врска со незапаметената миграциска криза на европскиот континент во која најбројни се бегалците од војната во Сирија, забележува дека Европската унија сега разбира дека е неприфатлива позицијата да се стои настрана од сирискиот конфликт.

„Веројатно како мотив послужи бранот имигранти, иако процените за 700.000 во принцип е помалку од бројот на Украинците кои ги прими Русија и кои остануваат на наша територија. Тоа е споредливо со напливот од сириските бегалци во земјите на регионот, на кој малку кој помислуваше додека миграцијата не удри по Европа“, рече шефот на руската дипломатија.

„Ваквиот чисто прагматичен интерес на Европа треба да се надоврзе на нејзината инволвираност во процесот на решавањето на сириската криза. ЕУ треба, и веќе почнуваат да ги признаваат основните причини за миграциската криза и хаосот на Блискиот исток“, додаде Лавров.

Рускиот дипломат истакна дека Европа „веќе нема да се двоуми да се потсети на Ирак и неуспехот на „’демократизацијата’, којашто напротив се претвори во сериозна закана за поделбата на земјата и меѓусекташките тензии во неа“.

„Веќе почнуваат (во ЕУ) да се потсетуваат и на поновиот пример од Либија, која се претвори во неконтролиран коридор за криумчарење мигранти од многу земји и не само од Северна Африка, туку и од ткн ‘црна’ Африка. Се присетуваат на цената со поранешниот водач на Либија, Муамер ел-Гадафи, обидувајќи се да тргнат од илузијата дека со смената на диктаторот демократијата самата од себе ќе пушти корени“, смета Лавров.

„Убеден сум дека тие лекции кај повеќето водечки политичари дале поуки, а во однос на Сирија дури и во продолжената реторика против Асад. Тоа ни дава надеж дека во блиска иднина ќе се промовира политичкиот процес и, со користење на внатрешните фактори, ќе се успее сите Сиријци да седнат на преговарачката маса“, дополни рускиот министер за надворешни работи кој ден претходно во Виена на оваа тема разговараше со своите колеги од САД, Турција и Саудиска Арабија, на состанокот на кој учествуваше и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Лавров изрази убеденост дека меѓународните преговарачи треба да ги зајакнат напорите, но истакна и дека нема ништо да решат за самите Сиријци кои мораат да решат како натаму ќе живеат во својата земја, кога интересите на секоја верска, етничка или политичка група ќе бидат заштитени. „Се разбира, треба да се подготвува за изборите, и парламентарни и претседателски избори“, порача.

Во опширното интервју Лавров се осврна и на ставот на Москва дека во дијалогот за решавањето на сириското прашање треба да бидат вклучени и регионалните земји како Иран, Египет, Катар, Обединетите Арапски Емирати, како и со Јордан со кој во петокот Русија постигна договор за координирање на воздушните операции во Сирија.

Одговарајќи на прашањето дали го смета за соодветен формат дијалогот за Сирија, меѓу „квартетот“ САД, Русија, Турција и Саудиска Арабија, Лавров одговори негативно и истакна дека руската страна се согласила на овој формат „уште еднаш истакнувајќи дека тоа е безуспешен обид без учество на Иран (сојузник на сирискиот претседател Башар ал-Асад –з.м.) да се создаде ткн ‘внатрешен круг’“ за решавање на сириската криза. „Убедени сме, исто така, дека во сегашните услови важно во таа група да се вклучат Египет, Катар, ОАЕ, Јордан“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет5 часа

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија7 часа

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија8 часа

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија10 часа

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија11 часа

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет12 часа

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ12 часа

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа15 часа

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет16 часа

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет16 часа

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...

Свет16 часа

Венецуела најавува „нова политика“ и отворање на нафтените полиња за странски инвеститори

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, во четвртокот претстави законодавна иницијатива насочена кон зајакнување на нафтената индустрија. Реформите ќе овозможат...

Свет17 часа

Нови израелски напади врз Газа: убиени членови на Хамас и Исламски џихад

Воен офицер на Хамас, полицаец од палестинското движење и милитант на Исламски џихад се меѓу најмалку десет лица убиени во...

Свет1 ден

Путин: Светот станува поопасен, ситуацијата на меѓународната сцена се влошува

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека меѓународната ситуација се влошила и дека светот станува поопасен, но не ја спомена...

Македонија1 ден

Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК),...

Македонија1 ден

Поддршка за новиот закон, пасивното пушење е докажана причина за сериозни болести, велат од Институтот за медицина на трудот

Институтот за медицина на трудот на РСМ, СЗО Колаборативен центар, како водечка јавно-здравствена установа во оваа област, изразува целосна и...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст, грипот на ниво на средна активност

Во втората недела од 2026 година, состојбата со грипот во земјава се наоѓа на ниво на средна активност, со зголемен...

Македонија1 ден

Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи....

Топ1 ден

Двомесечно бебе почина во болницата во Кавадарци, телото е предадено на обдукција

Синоќа во ОВР Кавадарци е пријавено дека околу 21:35 часот на детското одделение во Општа болница Кавадарци починало бебе на...

Македонија1 ден

„За почиста Македонија“ со петиција до Владата: казни и за фрлање отпад од автомобилите преку „Сејф сити“

Организацијата „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи за петицијата со која се бара системот за сообраќајни прекршоци „Сејф сити“ да...