Вести
Лавров: Западот да не ги поттикнува воинствените сили во Киев

Иницијатива за уставните промени во Украина чија цел е да се отфрли вонблоковскиот статус на земјата и земјата да се приклучи на НАТО, укажуваат на желбата да се поткопаат напорите за ставање крај на војната во источниот дел од земјата, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и апелираше особено до САД да го искористат своето влијание и да го вразумат Киев.
Лавров забележува дека иницијативата на одредени политички сили во Киев за членство во НАТО уследи многу брзо по состанокот на руските и украинските челници за решавање на судирите меѓу украинската влада и бунтовниците во југоисточните рускојазични региони.
„Обидот на владата на Украина да ја достави во Врховната Рада (парламентот) иницијативата за отфрлањето на неблоковскиот статус на земјата, е многу интересно. Оваа иницијатива доаѓа во времето кога по состанокот во Минск почнаа да се појавуваат можностите за решение до кое ќе се дојде преку преговори. Односно се прави обид да се промовира политичкото решение на главните прашања со кои се соочуваат Украинците, а воинствената струја во Киев презема чекори чија цел е поткопување на овие напори“, рече шефот на руската дипломатија.
„За голема жал, зајакнувањето на настроението во полза на зацврстувањето во Киев на позицијата наклонета кон воено решение ја поттикнуваат и интензивираат од Вашингтон и некои европски центри, како и од штабот на НАТО во Брисел, каде што генералниот секретар на НАТО, кој дава изјави и со и без повод, кои воопшто не се во неговите компетентност“, продолжи Лавров.
Според рускиот министер за надворешни работи, за вразумување на оние кои се за воени решенија можат да влијаат само САД кои имаат моќ да влијаат врз украинските сили. „Вашингтон има директно влијание врз украинските безбедносни сили, факти за тоа има многу“, рече Лавров и истакна дека е неопходно САД да ја искористат можноста за да „испратат неопходни сигнали во полза на преминувањето од патот ситуацијата да се реши на воен начин на политички процес“.
Лавров истакна и дека претстојната посета на украинскиот претседател Петро Прошенко на САД ќе претставува добра можност да се покаже заинтересираноста на Вашингтон за политичкото решени на кризата во Украина. Според него, во Европа постојат одговорни политичари кои се залагаа за мирно решавање на кризата, и Москва се надева оти нивниот глас ќе надвладее.
„Знаеме дека сериозни и одговорни политичари во Европа и во САД, се изјаснуваат против какви и да се провокации, разбирајќи ја бесмисленоста и безнадежноста од продолжувањето на конфликтот преку барањата за предавање на милициите (проруските бунтовници во југоисточните украински региони – з.р.). Тие ја разбираат потребата од конкретниот, суштински и содржаен дијалог со цел да се изнајде компромис за иднината на украинското општеството, а и се надеваме дека нивниот глас ќе преовладува“, рече Лавров./крај/мф/сн
Извор: Итар-Тасс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.