Контакт

Вести

Либерман предлага ОН да го преземат надзорот над Појасот Газа

Објавено пред

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман предложи во понеделникот Обединетите нации наместо исламистичкото движење Хамас да ја преземат контролата врз палестинската енклава Појасот Газа веднаш штом престанат непријателствата.
 

dobivaj vesti na viber

Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман предложи во понеделникот Обединетите нации наместо исламистичкото движење Хамас да ја преземат контролата врз палестинската енклава Појасот Газа веднаш штом престанат непријателствата.

 

„Неколку мандати доделени на Обединетите нации не би биле лоши. Затоа вреди да се размисли за можноста управувањето со Појасот Газа да им се одвери на ОН. Во никој случај не ја отфрлам таа можност“, изјави шефот на израелската дипломатија Авигдор Либерман на седницата на парламентарната комисија за одбрана и надворешна политика.

Либерман, кој е претседател на партијата Исраел Бејтејну (Нашиот дом Израел) се смета за еден од ткн „јастреби“ во владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, коишто досега се заземаа за повторна окупација на Појасот Газа за да се уништи Хамас, исламистичкото движење кое од 2007 година ја презема целосната контрола врз палестинската енклава.

Како што информира израелското воено радио, за предлогот на шефот на дипломатијата засега не реагира потесниот безбедносно-политички кабинет на Нетанјаху./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Разговаравме за деловите од Украина што ќе се задржат и за оние што ќе бидат изгубени, вклучена е и електрана, рече Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава во Белата куќа во која ги коментираше преговорите со Русија за ставање крај на...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето...

Свет4 часа

Путин: Ние сме за примирје, но многу прашања прво треба да бидат одговорени

Рускиот претседател, Владимир Путин, изрази подготвеност за примирје во Украина, но нагласи дека е неопходно да се решат клучните прашања...

Македонија7 часа

Јаневски: Да сме набавеле нови автобуси, па вие и овие што ги имате не можете да ги сервисирате

Дали вие знаете дека минатата година Град Скопје за субвенции за Јавното сообраќајно претпријатие одвои 685 милиони денари, 11 милиони...

Македонија8 часа

МНР со реакција на бугарското министерство: Политиката на условувања создава непотребни тензии, кои не одговараат на европскиот дух на соработка

Со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз...

Македонија8 часа

Дел од сегашните судии и обвинители е последниот штит на криминалот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ, вели Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка...

Македонија8 часа

Институтот интерпелација во никој случај не може да се примени за уставните судии, тоа е упад во самостојноста велат од Уставниот суд

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд во врска со т.н. интерпелации на уставни судии, судот информира дека Уставот...

Македонија9 часа

Жртвите на сексуално насилство ќе може да побараат помош и без да пријават во полиција силување или обид за силување

Сервисите за помош и поддршка на жртвите на сексуално насилство, кои сега се достапни само за жртвите откога ќе го...

Свет9 часа

Скандал го тресе Брисел: корупција во Европскиот парламент

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека неколку лица се уапсени на сослушување, наводно вмешани во корупција во Европскиот парламент. Обвинителите соопштија...

Македонија10 часа

ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го разгледа решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството...

Македонија11 часа

За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година...

Македонија12 часа

Трендафилов продолжува да дејствува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нелегално избраниот претседател на ССМ, Слободан Трендафилов продолжува да биде партиски портпарол на СДС и да одработува за нивните интереси,...

Македонија12 часа

„Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски“, бара СДСМ

„Државната комисија за спречување на корупција отвори предмет за судир на интереси, непотизам и корупција во врска со тендерите во...

Свет13 часа

Полскиот претседател: Им реков на Американците да го преместат нуклеарното оружје кај нас

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите Американски Држави да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната...

Европа14 часа

Британија протера двајца руски дипломати

Откако во понеделникот двајца британски функционери беа протерани од Русија, Обединетото Кралство им ја укина акредитацијата на руски дипломат и...

Свет15 часа

Русија им ги претстави условите за прекин на огнот на Американците, пренесува „Ројтерс“

Русија им претстави на САД список со барања за договор за прекин на војната во Украина и ресетирање на односите...

Европа15 часа

(Видео) Путин ненадејно се појави во Курск: „Тој ѝ постави задача на армијата“

Рускиот претседател Владимир Путин постави задача конечно да ги порази украинските вооружени сили во регионот Курск во најкус можен рок,...

Македонија24 часа

Бугарското МНР за изјавите на Мицкоски: Демонстрира недоволно разбирање на одлуките на Европскиот суд

„Потсетуваме дека Европскиот консензус од 2022 година, одобрен од сите земји-членки на Евроспката Унија и Скопје останува валиден патоказ за...

Македонија1 ден

Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија: евроамбасадорот Рокас најави посети на европски лидери во Скопје

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека се работи и е во тесна соработка со македонската Влада со цел да се надминат...

Македонија1 ден

Очекувам да ги напуштат позициите, тие што ги избраа јасно кажаа дека повеќе немаат кредибилитет, вели Мицкоски по интерпелациите

Премиерот Христијан Мицкоски, по вчера изгласаните интерпелации за петтемина членови на Судскиот совет што ги назначува Собранието, очекува самите да...