Вести
Лидерот на Исламската држава бара напади врз Саудиска Арабија
Водачот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади се заложи за напади врз Саудиска Арабија, додаде дека неговиот калифат се шири по арапскиот свет, а во говорот што му се припишува нему, а кој беше објавен во четврток, побара и создавање на „вулкан џихад“.
Багдади уште и рече дека американската воена операција против неговата група во Сирија и Ирак пропаѓа.
Агенцијата Reuters не можеше да ја провери автентичноста на говорот што го пренесоа џихадистичките интернет страници.
Од Ирак доаѓаат контрадикторни информации по американските воздушни удари во петокот: се зборува дека Багдади можеби е ранет во еден од нападите. САД во вторникот објавија дека не можат да потврдат дали е ранет или убиен во близина на Фалуџа.
Говорот не е датиран, но се споменува американското соопштение од 7 ноември во кое се вели дека претседателот Барак Обама одобрил испраќање на уште 1.500 американски војници во Ирак.
„Синови на ал-Харамаин(Саудиска Арабија)…Главата на змијата и срцето на болеста се онде…наострете ги сабјите“, рече Багдади, употребувајќи погрден збор за Саудиска Арабија.
Исламската држава зазеде големи делови на Сирија и Ирак и во јуни прогласи калифат на териториите што ги држи. Багдади објави дека на лојалност му се заколнале приврзаниците во Либија, Египет, Јемен, Саудиска Арабија и Алжир.
„Војници на Исламската држава…Нека секаде биде вулканот на џихадот. Осветлете го светот со огнот на борбата против сите диктатори“, рече Багдади.
Во делот на говорот во кој ја споменува американската воена акција против својата организација, Багдади вели:„Ова е крстоносен поход најжесток и најстрашен од сите, но е и најголем неуспех“. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.