Контакт

Вести

Линкевикиус: Русија не е супер-сила, таа е супер-проблем

Објавено пред

Литванија предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин може да го тестира НАТО неколку недели пред инаугурацијата на Доналд Трамп за нов претседател на САД, пренесува британски БиБиСи.

dobivaj vesti na viber

Министерот за надворешни работи Линас Линкевикиус изјави дека „многу се плаши“ за Балтикот, како и за сирискиот град Алепо.

Никаде, во ниту еден регион во светот, проблематичната транзиција на власт во САД не се набљудува повнимателно како во балтичките држави.

Литванија верува дека нејзиниот мрачен став за руските намери се оправдува со нејзината географска положба и нејзината историја.

Порано беше дел од Советскиот сојуз, а сега е членка на НАТО и на Европската унија. Таа има директна копнена граница со руската енклава Калининград на Балтичкото море.

Во главниот град, Вилнус, постои витраж на која се покажани Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во страсна прегратка.

Владата природно ги изразува своите ставови во помалку трагична смисла, но ја споделува основната грижа на авторот на витражот.

Литванија стравува од најавите дека САД сакаат да ја видат Русија како потенцијален партнер и Вашингтон не сака да го дели ставот во Источна Европа дека Москва претставува голема и непосредна закана.

Литванскиот министер изјави за БиБиСи дека „Русија не е супер-сила, таа е супер-проблем“. крај/мф/вс

Вести

Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Објавено пред

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.

dobivaj vesti na viber

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.

Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.

Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.

„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.

Прикажи повеќе...

Вести

(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Објавено пред

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.

dobivaj vesti na viber

Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.

Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.

Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.

Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.

Прикажи повеќе...

Вести

Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Објавено пред

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.

dobivaj vesti na viber

Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.

Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.

Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени...

Македонија3 часа

27 Јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, пригодно одбележан во МНР

Во Министерството за надворешни работи беше одбележан 27 Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на холокаустот. Настанот почна...

Македонија4 часа

Милков: Ќе го вратиме амбасадорот ако се почне со дијалог на високо министерско ниво

Ако се обезбедат услови за почнување дијалог на високо ниво меѓу Бугарија и Македонија или ако премиерот Ковачевски го убеди...

Македонија5 часа

Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на 4 февруари

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите што патуваат во Северна Македонија за да се...

Македонија5 часа

Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу...

Европа5 часа

Орбан најави вето на санкциите против руската нуклеарна енергија

Унгарија ќе стави вето на секој предлог на Европската Унија за санкции против Русија поврзани со нуклеарната енергија, изјави утринава...

Топ5 часа

Истрага за пет лица, кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за...

Европа6 часа

Поранешен генерал е фаворит за претседател на Чешка

Поранешниот командант на чешката армија, Петр Павел, прозападен кандидат, кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот...

Свет8 часа

Пред 78 години беше ослободен Аушвиц, најлошото место во историјата на човештвото

Познатиот германски филозоф Теодор Адорно во своето дело „Културна критика и општество од 1949 година“ ја објави познатата реченица: „Пишувањето...

Свет8 часа

(Видео) Зеленски: Благодарение на системите од Западот ги соборивме повеќето руски ракети

Најмалку 11 лица загинаа во серија руски напади во Украина откако Киев доби ветувања од САД и Германија дека ќе...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со сè што потпиша, власта создаде студена дипломатска војна со Бугарија

Ковачевски да каже како е можно на сè што потпишаа, да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попустливоста е последица...

Регион20 часа

Курти: На Косово нема српски општини

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека на Косово нема српски општини и дека договорот за формирање Заедница на српски...

Свет21 час

Претседателот на Израел ја повика ЕУ да го искорени антисемитизмот

Израелскиот претседател Исак Херцог изјави денеска дека антисемитизмот е во пораст во западниот свет и апелираше до Европската унија да...

Македонија1 ден

Градоначалникот на Крива Паланка, кој удри полицаец, заработи прекршочна пријава

Случајот со боксовите од градоначалникот на Крива Паланка, Сашо Митовски, кон полицаецот Кристофер Стоевски стигна и на седницата за пратенички...

Македонија1 ден

Мицкоски: За да останат на власт, отстапија и прифатија сè, невозможно ќе биде да се исправат нивните грешки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека тоа што се случува со Бугарија е нешто за што како партија предупредувале...

Македонија1 ден

„Повлекувањето на амбасадорот во Софија е неосновано“ – Османи смета дека Бугарија потклекнува на провокации

Бујар Османи, министер за надворешни работи, изрази жалење оти Бугарија го повлече амбасадорот во Македонија, Ангел Ангелов. Смета дека тоа...

Култура1 ден

Арсовска: Со ревизија откриени 250 незаконски договори во МКЦ, шанкери добивале 750 евра месечно

Лаги и манипулации се обвинувањата за директорската смена и за кратењето на буџетот на Младинскиот културен центар (МКЦ), вели градоначалничката...

Македонија1 ден

ЦУК: Стабилна е состојбата со излевањето на Вардар во Зелениково и во Велешко, но опасноста не е надмината

Состојбата во Зелениково и во Велешко е стабилна и излевањето на реката Вардар е стопирано, информираа утрово од Центарот за...

Топ1 ден

Скопјанец викнал жена на кафе и почнал да ја допира, го одбила, па ја истепал и ја заклучил

Против 60-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела тешка телесна повреда од член 131 став 1...

Регион1 ден

Лајчак: Во Приштина согласност за спроведување на сите договори со Белград

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по вчерашната ненајавена посета на Приштина, соопшти...