Контакт

Вести

Лондон не разговарал со Москва за воени акции во Сирија, за тоа ќе дискутира НАТО

Објавено пред

Велика Британија не разговарала со Русија за воени акции во Сирија, изјава британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон и додаде дека прашањето за евентуалните преговори со Москва по прашањето за борбата против Исламската држава ќе се разговара на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, кој ќе се одржи на 8-ми октомври.

dobivaj vesti na viber

„Не разговараме со Русија за воени операции против Исламската држава во Сирија. За две седмици ќе се одржи средба на министрите на земјите од НАТО, и се разбира прашањето за Исламската држава ќе биде на дневен. Тоа прашање ќе го дискутираме со членовите на коалицијата проти џихадистите“, изјави британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон одговарајќи на прашање дали Велика Британија ја разгледува можноста за воспоставување контакти со Русија по прашањето за борбата против радикалната исламистичка организација во Сирија.

„Руските акции последните неколку седмици, испраќањето бродови и авиони во тој регион, на очигледен начин и натаму ја компликуваат неизмерно сложената ситуација“, додаде Фалон зборувајќи во вторникот на Британскиот кралски институт на вооружените сили (RUSI).

САД минатата седмица, преку шефовите на дипломатијата и на одбраната, Џон Кери и Ештон Картер, ги започна почетните воени разговори со Русија за да се избегнат евентуалните инциденти.

Британскиот премиер Дејвид Камерон сака да добие согласност од парламентот за проширени воздушни удари врз позициите на Исламската држава во Сирија, а неговата влада објави дека сака да се обиде да добие консензус за ова прашање./крај/мф/сн

Извор: Reuters

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

УХМР издаде портокалов аларм за снежна бура во Македонија – обилен снег и силен ветер од вечерва

Голема промена на времето во Македонија. Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска во ноќните часови ќе има врнежи кои...

Македонија2 часа

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Сашо Мијалков

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти...

Македонија4 часа

(Видео) Шукова: ДПМНЕ нека засука ракави и да не продава демагогии, туку да почне со реализација на мерки за намалување на загадувањето

Борбата против загадувањето мора да стане приоритет на власта која целосно го игнорира и не презема никакви мерки, кажа денеска...

Македонија4 часа

(Видео) Петрушевски: СДС јавно да се извинат за Груби

Од криминалите за Лотарија, преку дуќанот на улица Македонија под цена, до луксузното возило кое демек не е негово, туку...

Економија5 часа

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија – граѓаните се ограбени

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани во однос на истиот месец во 2023...

Македонија7 часа

Не поминаа интерпелациите за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени

Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата. Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите...

Свет7 часа

(Фото) Трамп сака да ја преземе контролата врз Гренланд, Канада и Панамскиот канал

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ги сака Гренланд, Канада и Панамскиот канал. Ова е само дел од неговите планови,...

Македонија19 часа

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити

Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна...

Македонија19 часа

Даути не е разрешена, интерпелацијата нема правно обврзувачки последици, велат од Кабинетот на Гаши

Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема...

Македонија19 часа

Пренџов: ДУИ немаат јасна визија и став, предлагаат бесмислена интерпелација за Меџити која нема да ја поддржиме

На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет...

Македонија21 час

Град Скопје: Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните, ќе одговара за 7 кривични дела

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто...

Македонија22 часа

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути. Интерпелацијата ја образложи Сашко...

Свет23 часа

Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет

Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс....

Македонија1 ден

Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што...

Свет1 ден

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија1 ден

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија1 ден

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет1 ден

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет1 ден

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ1 ден

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...