Вести
Мадуро се закани со преземање на фабриките и затворање на газдите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/maduro-1.jpg)
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро предупреди во сабота доцна навечер дека властите ќе ја затворат секоја фабрика што ќе престане со производство, а нејзините сопственици ќе ги смести во затвор.
Претходно во сабота на улиците излегоа провладини и противвладини демонстранти, во момент кога земјата е погодена од голема економска криза предизвикана од падот на цената на нафтата на светските пазари.Во земјата од средината на јануари се во сила мерки за ограничување на продажбата на храна и другите продукти.Опозицијата собра 1,8 милиони потписи на петицијата со која се бара отповикување на Мадуро, но изборните органи одбија да ја ратификуваат петицијата, што би требало да биде следен чекор во предвидената процедура.Мадуро, во обраќањето пред своите приврзаници, рече дека забелешките на менаџерите на фабриките дека им недостасува странска валута за набавка на суровини претставуваат ‘жалопојки’, додека нивните закани за затворање на фабриките ги нарече објава на „економска војна“.„Секоја фабрика што ќе престане со работа, ќе ја окупира народот“, рече Мадуро во говорот што го пренесуваше телевизијата. Исто така, истакна дека народот ќе ги преземе сите фабрики „кои ги парализирала буржоазијата“ и дека секој оној што не сака да работи, треба да си оди.Венецуелскиот претседател во петок на 60 дена ги продолжи вонредните мерки во оваа земја. Владата сака да го избегне парламентот, во кој опозицијата е мнозинство, да преземе мерки и да ги намали социјалните давачки заради драстичниот пад на приходите од извозот на нафта.Во земјата заради кризата недостасуваат храна и медицински средства, често нема струја, зачестија грабежите, а населението е соочено со галопирачка инфлација.Мадуро тврди дека цените на нафтата на светските берзи паднале заради заговорот на земјите од ОПЕК и САД, кои сакаат да го соборат од власт. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.